20.01.2013: Како жртвите на семејно насилство да добијат квалитетни услуги за бесплатна правна помош

Националната мрежа против насилство врз жените и семејно насилство во склоп на проектот „Застапување за унапредување на политиките/стратегиите за спречување на насилството врз жените“ работи на измените и дополнувањата на Законот за бесплатна правна помош. За таа цел формирана е работна група составена од 6 претставници на невладини организации, членки на мрежата, кои се правници и лица кои што подолг период работат на оваа проблематика.

Работната група во изминатите три месеци одржуваше редовни состаноци и како резултат на нив до Министерство за правда достави допис „Како жртвите на семејно насилство да добијат квалитетни услуги за бесплатна правна помош“. Овој допис содржи конкретни предлози за измена и дополнување на конкретни членови на Законот за бесплатна правна помош и истиот е доставен до г-ѓа Јулијана Георгиевска вработена во Министерството за правда. Извршната директорка на Националната Мрежа, заедно со уште две претставнички на работната група, остварија средба со г-ѓа Георгиевска на која што беа изестени дека сериозно е пристапено кон разгледувањето на предлозите од Националната Мрежа и дека истите се квалитетно и стручно направени.

Истовремено од страна на Министерството за правда една претставничка од Националната Мрежа е поканета да присуствува на состанок на работната група формирана во склоп на Министерството за правда на кој е планирано да се разгледуваат предлозите за измена и дополнување на Законот за бесплатна правна помош изработени од страна на работната група. Националната Мрежа против насилство врз жените и семејно насилство останува доследна на заложбите на жртвите на семејно насилство да им се обезбеди целосна, навремена и ефикасна заштита и искрено се надева дека голем дел од предложените измени и дополнувања ќе станат дел на Законот за бесплатна правна помош и ќе придонесат за квалитетот и функционалноста на истиот.

 

Агенда

Сподели

Со поддршка од