ЈАВЕН ПОВИК за пријавување на организации во програма за јакнење на капацитети

Едукативно хуманитарната организација ЕХО – Штип, членка на Националната мрежа против насилство врз жените и семејно насилство објавува

ЈАВЕН ПОВИК

За пријавување на здруженија

Во програмата за јакнење на капацитети во рамки на проектот

“ Стандардизација на услугите за правна помош кои граѓанските организации ги обезбедуваат на жртвите на семејно насилство”

Главната цел на проектот е да востанови, да промовира и да стави во функција модел кој ќе го подобри квалитетот и ќе овозможи стандардизирано обезбедување на услугите за бесплатна правна помош од страна на граѓанските организации, кои се легитимни даватели на бесплатна правна помош на жртвите на семејно насилство.

Проектот дава можност организациите кои работат на ова поле во нашата земја, заеднички да работат на унапредување на услугите за правна помош и стандардизација на истите, што е во согласност со актуелните развојни текови во областа на справување со насилството врз жените, конкретно во согласност со одредбите на Конвенцијата на Советот на Европа за борба и спречување на насилство врз жената и семејно насилство која јасно истакнува дека невладините организации се клучни даватели на специјализирани услуги во одговор на насилство врз жените.

Исто така, целите на проектот се компатибилни со поставените цели и задачи на Националната стратегија за спречување и заштита од семејно насилство 2012-2015 година, која дава насоки за зголемување на јавната свест за семејното насилство, подобрување на квалитетот на сервисите наменети за жртвите, унапредување на координацијата меѓу институциите и стандардизација на сервисите.

Заради остварување на проектните цели, ЕХО спроведува низа на активности, меѓу кои и функционирање на Тренинг центар за јакнење на капацитетите на граѓанските организации со цел да се стекнат со статус на стандардизирани даватели на бесплатна правна помош на жртви на семејно насилство, како и на Стручно тело  за стандардизација и сертификација на услуги за бесплатна правна помош кои граѓанските организации ги обезбедуваат за жртвите на семејно насилство, чија улога се состои од оценување, сертифицирање и следење на квалитетот на услугите на оние граѓански организации кои исполнуваат одредени утврдени стандарди, а кои се во согласност со препораките на Советот на Европа.

Повеќе информации може да најдете на следниов линк:

http://www.eho-org.mk/index.php/mk/home-2/8-2012-04-11-07-26-13/184-2013-01-25-21-52-32

Share on facebook
Facebook
Share on twitter
Twitter
Share on linkedin
LinkedIn

Останати новости

Реакција: Платформата за родова еднаквост најостро го осудува говорот на омраза во предизборниот период

Пред почетокот на предизборната кампања за претстојните парламентарни и претседателски избори, Платформата за родова еднаквост ги повикува и партиите и нивните приврзаници да покажат демократски

Реакција: Личното и интимното е загрозено преку дигиталното родово-базираното насилство кое станува сè поопасно!

Злоупотребата и нарушувањето на личниот, интимен простор станува сè поизразено преку дигиталното родово-базирано насилство. Изразуваме особена загриженост и остро реагираме на последните родово-базирани напади во