06.02.2013: ДОНАТОРСКИ КАЛЕНДАР 2013

Националната мрежа против насилство врз жените и семејно насилство во соработка со Здружението на граѓани Конект учествуваше во изработката на Донаторскиот календар за 2013 година кој што е објавен во списанието Теа Модерна број 645 од 06.02.2013 година. Овој календар е потсетник за граѓаните да сторат нешто добро оваа година, да одделат малку средства или време и на тој начин да се вклучат во менувањето на светот кон подобро. Секој месец е  посветен на различна ранлива група на граѓани.Месецот Јули е за живот без насилство и Националната мрежа против насилство врз жените и семејно насилство порачува: „Прескокнете еден коктел на плажа и износот донирајте го во Националната мрежа против насилство врз жените и семејно насилство. Дневно се доволни 300 денари за храна за мајка со две деца сместена во шелтер центар.“

2013

Сподели

Со поддршка од