Здружение на еднородителски семејства Една може! -Скопје

„Една може!“ е граѓанска организација за унапредување на правата на еднородителските семејства, во најголема мера на самохраните мајки. Организацијата „Една може!“ е доброволна, непрофитна, невладина, непартиска, самостојна организација, формирана со слободно здружување на граѓаните/ките поради остварување, заштита и усогласување на своите интереси и уверувања за унапредување на граѓанското, родово рамноправно општество и локалните самоуправи, како и поради вршење на дејности и активности за поттикнување на моралните вредности, зајакнување на меѓуполовите односи, меѓуетничкиот дијалог и економскиот развој на самохраните родители и деца на територијата на Република Македонија.

ВИЗИЈА

Визијата на организацијата е обезбедување севкупна општествена грижа и третман на еднородителските семејства на ниво во Република Македонија и нивно интегрирање кон еднаков пристап до услуги и добра за нормално функционирање.

 МИСИЈА

Мисијата на организацијата е да работи на ефективна промоција и поддршка во остварување на правата на членовите на еднородителските семејства, самохраните мајки и нивните деца, во Р. М.  отварајќи можности за соодветна поддршка и ресурси кои им се неопходни.
Организацијата „Една може!“ дејствува на национално ниво на територијата на Македонија со растечки тенденции и можности да се вмрежува со други организации и фондации со исти и/или слични цели и интереси, како во државата, така и надвор од неа.

Адреса: Ул.Џумајска бр.31, 1000 Скопје

Контакт телефон: 025511892

Е-mail: onecan2015@yahoo.com

FB page: https://www.facebook.com/onecanednamozhe/

No automatic alt text available.

Сподели

Со поддршка од