03.12.2019: Отворено писмо на Платформата за родова еднаквост до Агенција за млади и спорт, Асоцијација на спортски новинари и Македонски олимписки комитет

Платформата за родова еднаквост ги повикува Агенција за млади и спорт, Асоцијацијата на спортски новинари и Македонскиот олимписки комитет кои беа организатори на конференцијата на тема „Спортот за државата, државата во спортот“, која се одржа на 27.11.2019 во Владата на Р. Северна Македонија, да се заложат за еднаква застапеност и родова балансираност помеѓу учесниците на […]


27.11.2019: Прес конференција пред Собранието на Р.С.Македонија

На ден 27.11.2019 година во 09:30 часот, пред Собранието на Република Северна Македонија, десет мрежи на здруженија на граѓани одржаа прес конференција на која повикаа на итен избор и именување на кадар во повеќе институции и тела од страна на Комисијата за прашања на изборите и именувањата. Се работи за институции кои се од исклучителна […]


25.11.2019: Панел дискусија на тема: Предлог модел за реинтеграција и рехабилитација на жени жртви на семејно насилство

Националната мрежа против насилство врз жени и семејно насилство во партнерство со Клубот на пратенички во Собранието на Република Северна Македонија организираше Панел дискусија на тема „Предлог модел за реинтеграција и рехабилитација на жени жртви на семејно насилство“ , која се се оддржа денес,  25 Ноември – Меѓународен ден за борба против насилството врз жените, […]


29.07.2019: Соопштение од членовите на Интер ресорската советодавна и консултативна група за еднакви можности на жените и мажите

Изразуваме сериозна загриженост за начинот на кој надлежните институции, медиумите и јавноста  реагираа на случувањата поврзани со насилството врз жена кое се случи на 24.07.2019 во Скопје, на крстосницата на бул. Гоце Делчев и улица Беласица. Видеото од настанот кое преку социјалните мрежи и медиумите беше масовно споделувано предизвика јавен линч и изложување на дополнително […]


20.05.2019: Промовирано истражувањето на ОБСЕ за добросостојбата и безбедноста на жените

ОБСЕ – Организација за безбедност и соработка на Европа спроведе истражување за добросостојбата и безбедноста на жените кое траеше 2017-2019 во партнерство со Европскиот институт за родова еднаквост, Агенцијата за основните права на Европската унија и Програмата за развој на ОН. Главната цел на истражувањето е да се обезбедат компаративни податоци за различни форми на […]


08.03.2019: „Дали е среќен 8-ми Март?“ – трет марш по повод Меѓународниот ден на жената

„Денес маршираме за да покажеме дека трпението ни е на црвено! Денес маршираме за да покажеме дека веќе нема да толерираме празна реторика! Не прифаќаме декларативно залагање за родова еднаквост, ниту закони и стратегии за кои не се издвојуваат финансиски средства и кои не водат кон остварување на реални промени во животите на жените“. Вака […]


28.02.2019: Соопштение за медиуми: Граѓанските организации бараат итно донесување на Предлог-законот за спречување и заштита од дискриминација

Предлог-законот за спречување и заштита од дискриминација веќе 8 месеци е заглавен во Собранието: неговото донесување арбитрарно се одолговлекува што ги лишува граѓаните од ефективни и ефикасни механизми кои ќе ги заштитуваат од дискриминацијата со која секојдневно се соочуваат во различни области. Досегашното законско решение не ја оствари целта, односно не придонесе кон ефикасна и […]


31.01.2019: Петгодишната неправда пред исправање: Усвојување на новиот закон за абортус веднаш и едногласно!

Невладините организации – поборници за правата на жените и за родовата еднаквост го поздравуваат усвојувањето на Предлог-законот за прекинување на бременоста од страна на Владата, во чие изготвување учествуваа и претставници и претставнички на самите граѓански организации. Уште од донесувањето на рестриктивниот закон за абортус во 2013 година, граѓанските организации, медицинската јавност и активистите укажуваа […]


25.01.2019: Усвоена Резолуција за правата на жените во Западен Балкан

Комитетот за правата на жените и родова еднаквост (ФЕММ) на Европскиот парламент ја усвои Резолуцијата на хрватската европарламентарка Билјана Борзан за правата на жените во Западен Балкан. Резолуцијата беше усвоено со тесно мнозинство гласови и е првиот документ усвоен во последните пет години во кој Европскиот парламент дава препораки за поголеми права на жените во […]


10.03.2018: Изјава на Елена Димушевска за нападот на полицајката во Скопје

Националната мрежа не излезе со став за настанот со полицајката затоа што не бевме во можност да дојдеме до вистински информации. Имено, преку објавите во порталите се раскажаа неколку верзии од настанот, дури една од првите објави што јас ги прочитав беше „ здроби полицајка од тепање кај Бит Пазар, таа е во болница, МВР […]


Со поддршка од