19.02.2015: Деветнаесет млади врснички едукатори за Родова демократија

Деветнаесет студенти од повеќе општини на Македонија присуствуваа на тренингот за врснички едукатори на темата “Родова демократија” во Етно Село, Куманово, организиран од Националната мрежа против насилство врз жените и семејно насилство. За време на тренингот идните млади едукатори преку тематски работни групи  идентификуваа клучни области и теми кои се однесуваат на родовата рамноправност. Покрај […]


10.12.2014: „Заборавени“ форми на насилство врз жените и девојчињата – Принудни и договорени бракови

 Договорени бракови Терминот договорен брак е долга традиција која потекнува од Индија и се однесува на ситуација во која идните сопружници се одбрани првично од некоја трета личност, а не од самите партнери. Третите личности, посредниците најчесто се родителите, но не ретко е и некој друг близок член на семејството. Во традиционалните заедници, младите се […]


09.12.2014: „Заборавени“ форми на насилство врз жените и девојчињата – Малолетнички бракови

Малолетничките бракови се честа појава во земјите во развој, непропорционално влијаејќи на девојчињата, загрозувајќи го нивниот живот и егзистенција. Вкоренета во културната традиција и сиромаштијата, оваа пракса не само што ги повредува човековите права, туку влијае и на стабилноста и  економскиот развој на земјите. Меѓународните закони ги забрануваат малолетничките бракови пред осумнаесет годишна возраст, како […]


08.12.2014: Сексуално насилство и силување

Секоја година милиони жени страдаат од некаков вид на насилство, било да е тоа семејно насилство, силување, трговија со луѓе, и други форми на злоупотреба. Насилството врз жените има разни форми: психичко, физичко, сексуално и економско и овие видови на насилство се поврзани и ги афектираат жените од сите возрасти. Насилството врз жените е присутно […]


07.12.2014: „Заборавени“ форми на насилство врз жените и девојчињата – Присилна стерилизација и присилен абортус

Жените ширум светот се принудувани да подлегнат на процедура за перманентна и иреверзибилна стерилизација. Наспроти осудата на ваквиот чин, присилниот абортус и присилната стерилизацијата се случуваат до ден денес во Јужна Америка, Африка, Азија, но и во Европа. Сиромашните или стигматизираните жени се оние кои најчесто се жртви на ваквата пракса, бидејки се смета дека […]


05.12.2014: Физичко насилство и фемицид

Физичкото насилство е највидлива и најчеста форма на насилство. Тоа се манифестира со употреба на физичка сила или пак закана дека истата ќе биде употребена, и подразбира широк спектар на дејствија, од удирање шлаканица, до обид за убиство и убиство, односно туркање, удирање тупаници, нанесување изгореници, давење, напад со фрлање предмети, пукање, закани со нож […]


04.12.2014: Интимно партнерско насилство и семејно насилство

Проблемот на различните облици на насилство носи потешкотија во наоѓање на добро структурирана и сеопфатна дефиниција за насилството во стручната литература. Една од најшироко прифатените дефиниции, која се базира на идејата за човековите права, е понудена од страна на Светската здравствена организација: Насилството е секоја намерна употреба на физичка сила или пак, моќ, која може […]


03.12.2014: Жените со попреченост имаат поголема веројатност да доживеат насилство

Светските статистики говорат дека лицата со попреченост се два пати почесто жртви отколку лицата без попреченост. Во Република Македонија сеуште прецизно не се располага со  статистички податоци за видови на насилство и злоставување кои што се однесуваат на лицата со попреченост и поради тоа сеуште не постои јасна слика каква е ситуацијата во оваа област. […]


01.12.2014: Демнење како облик на родово базирно насилство

Насилството врз жените, вклучително и семејното насилство е едно од најсериозните форми на родово базирана повреда на човековите права и форма на дискриминација на жените. Демнењето, како облик на родово базирано насилство, директно е насочено и несразмерно ги погодува жените. Секој аспект од животот на жените кои биле жртва на демнење е проследен со страв […]


30.11.2014: Тинејџерски насилни врски

Според СЗО, насилството се дефинира како секоја намерна употреба на физичка сила или пак моќ, која  може да биде реална или во форма на закана, насочена кон себе си, кон друго лице, или кон некоја група или заедница, а која завршува (или постои голема веројатност да заврши) со физичка повреда, со смрт, со психичка штета, […]


Со поддршка од