20.01.2013: Како жртвите на семејно насилство да добијат квалитетни услуги за бесплатна правна помош

Националната мрежа против насилство врз жените и семејно насилство во склоп на проектот „Застапување за унапредување на политиките/стратегиите за спречување на насилството врз жените“ работи на измените и дополнувањата на Законот за бесплатна правна помош. За таа цел формирана е работна група составена од 6 претставници на невладини организации, членки на мрежата, кои се правници […]


10.12.2012: Tеатарска претстава „Добро тело“

Како последна активност во рамки на овогодинешната кампања „Кажи НЕ на насилството врз жените“ на 08.12.2012 година во Салон 19 19 со почеток во 19.00 часот се одржa театарска претстава „Добро тело“, прилагодена според текст на Ив Енслер. Претставата беше организирана и поставена во соработка со „Центар за девојки“ од Ниш, Србија, а публиката броеше над 60 лица.


03.12.2012: АЈДЕ НА ВОДНО! ДА ПОКАЖЕМЕ НУЛТА ТОЛЕРАНЦИЈА КОН НАСИЛСТВО ВРЗ ЖЕНИТЕ“

Во рамките на глобалната кампања „16 дена активизам против насилство врз жените“ Националната мрежа против насилство врз жените и семејно насилство, како дел од кампањата „Кажи НЕ на насилството врз жените“ на 02.12.2012 година организирше настан „АЈДЕ НА ВОДНО! ДА ПОКАЖЕМЕ НУЛТА ТОЛЕРАНЦИЈА КОН НАСИЛСТВО ВРЗ ЖЕНИТЕ“. На овој настан група на активисти планинареа на Водно, облечени […]


25.11.2012: Националната мрежа против насилство врз жените и семејно насилство ја започнува кампањата „Кажи НЕ на насилството врз жените“

Во рамките на оваа кампања ќе се организираат јавни дебати и културни настани во насока на актуелизирање и зголемување на свеста за препознавање на сите облици на насилство врз жените. Дебатите на тема „Насилството врз жените – колку оваа појава се препознава во нашето општество?“ ке се одржат во Куманово, Штип, Струмица, Кичево, Свети Николе, […]


10.05.2012: Работна група за креирање на новата Национална стратегија за превенција и заштита од семејно насилство 2012 – 2015

На 09.05 2012 беше одржана втората средба на работната група за креирање на Националната стратегија за превенција и заштита од семејно насилство 2012 – 2015. На истата присуствуваа претставници од Министерството за труд и социјална политика, Министерството за внатрешни работи, Министерството за здравство, Министерството за образование и наука,, Министерство за правда, Генералниот секретаријат на Р. […]


27.04.2012: AWID Форум 2012: Трансформирање на Економската моќ во Унапредување на Женските права и правда

Претставничка од Мрежата беше една од 2200-те учеснички на AWID Форумот кој се одржа од 19 – 22 април 2012 во Истанбул, Турција. Главниот фокус беше ставен на економско јакнење на жените и нивна поголема вклученост во процесите на донесување одлуки и креирање на политики. Во текот на деновите на форумот беа одржани повеке од […]


10.01.2012: Националната мрежа ќе биде дел од работната група за креирање на новата стратегија за превенција и заштита од семејно насилство

Националното координативно тело за заштита од семејно насилство донесе одлука Националната мрежа против насилство врз жените и семејно насилство да земе активно учество во креирање на новата стратегија за превенција и заштита од семејно насилство 2012 – 2015 со две претставнички. Оваа одлука претставува голем успех и можност за Мрежата да ги презентира своите ставови […]


25.10.2011: Одржана обука за „Лобирање и застапување за унапредување на политиките и институционалниот одговор на родово базираното насилство“

Во рамки на Заедничката програмата на Агенциите на ОН за превенција на  семејно насилство, со подршка од UN WOMEN во рамки на  проектот „Зајакнување на капацитетите на Националната мрежа против насилство врз жените и семејно насилство“, Организацијата на жените на општина Свети Николе организираше   тродневна обука на тема „Застапување и лобирање за унапредување на политиките […]


07.12.2010: Формирана Национална мрежа против насилство врз жените и семејно насилство

На 7-ми декември 2010 година, во хотел „Карпош“ во Скопје се одржа средба која го означи формалното формирање на мрежата против насилството врз жените и семејното насилство. На средбата присуствуваа претставнички од 21 НВОи кои делуваат во оваа област и кои воедно се основачи на мрежата. На средбата беа усвоени клучните документи на мрежата: Принципите […]


Со поддршка од