07.02.2013: ONE BILLION RISING МАКЕДОНИЈА – 14.02.2013 ВО 14:00 часот, плоштад Македонија

Националната мрежа против насилство врз жените и семејно насилство заедно со Ви-Деј Македонија се приклучуваат кон глобалната мисија на V-Day и го организираат настанот One Billion Rising на 14.02.2013 на плоштад Македонија во Скопје во 14.00 часот.

Овој настан на глобално ниво ќе се обиде во ист ден и час да собере една милијарда луѓе кои ќе ги напуштат своите секојдневни обврски и преку танц ќе ја покажат својата борба против насилството врз жената. Бидејќи ова е ново време и бара нов, заеднички начин да се прекине насилството врз жените сакаме преку танцување да ги активираме и жените и мажите од Република Македонија. Повеќе информации за глобалната кампања можете на најдете на следниов линк: http://www.onebillionrising.org/

Официјалната песна на овој настанa е Break the Chain продуцирана од страна на Ив Енслер и за истата е подготвена кореографија која што унифицирано ќе се изведува во сите земји кои што го поддржуваат овој настан. http://www.youtube.com/watch?v=fL5N8rSy4CU

Главната цел на овој настан е подигнување на свеста на луѓето за насилството кое што го трпат жените а кое се базира на статистички податоци кои што покажуваат дека 1 од 3 жени во светот ќе бидат тепани или силувани во текот на нивниот живот. Ако се знае фактот дека населението во светот брои 7 милијарди луѓе, тогаш излегува дека повеќе од една милијарда жени и девојки трпат насилство.

Поради тоа ве повикуваме на 14.02.2013 година во 14 часот да ги оставите своите работни или приватни обврски и да ни се приклучите за да можеме заедно со милијарда луѓе, активисти, писатели, мислители, познати личности, жени и мажи од целиот свет да го изразиме својот револт преку танц барајќи крај на насилство врз жените.

Повеќе информации за самиот настан може да најдете на следниот линк

https://www.facebook.com/events/125061717661029/?fref=ts.

Сподели

Со поддршка од