27.04.2012: AWID Форум 2012: Трансформирање на Економската моќ во Унапредување на Женските права и правда

Претставничка од Мрежата беше една од 2200-те учеснички на AWID Форумот кој се одржа од 19 – 22 април 2012 во Истанбул, Турција. Главниот фокус беше ставен на економско јакнење на жените и нивна поголема вклученост во процесите на донесување одлуки и креирање на политики.

Во текот на деновите на форумот беа одржани повеке од 240 сесии во кои беа опфатени најразлични прашања кои ги засегаат жените од целиот свет преку одржување на панел дискусии, презентации на документарни филмови, уметнички изложби, отворени сесии со претставници од донаторски фондации итн.

Помеѓу другото, беше промовиран новиот Фонд за Млади Феминистки (FRIDA) чија цел е поддршка на организации и иницијативи водени од млади жени. Еден дел од просторот беше посветен на релаксација и постигнување добросостојба како важен сегмент од секојдневното функционирање жената.

На вториот ден од форумот (20 април) се одржа пригодна програма по повод 30 годишнината од постоењето на Асоцијацијата за развој на женски права (AWID).

На последниот ден од форумот, по завршиот говор во кој се сублимираа задачите кои се предизвик за учесничките на форумот, сите заедно се приклучија на маршот за  политичка, економска и социјална правда за жените, изразувајки им поддршка на турските организации. Приближно 1500 учесници беа дел од мирниот протест на плоштадот во Таксим.

Форумот се одржува секоја четврта година во една од земјите членки на Асоцијацијата за развој на женски права  (AWID).

Повеке информации за активностите на овогодинешниот форум можете да најдете на следниот линк: http://www.forum.awid.org/forum12/

Сподели

Со поддршка од