Анализа на економските предизвици со кои се соочуваат жени жртви на семејно насилство кои ја напуштиле насилната средина

Целта на оваа анализа е идентификување на клучните предизвици со кои се соочуваат жените жртви на семејно насилство откако ја донеле одлуката да го напуштат сторителот, но се уште не го сториле тоа, или пак веќе го напуштиле. Имено, преку прибраните податоци се идентификувани специфичните карактеристики на оваа таргет група и нивните економски потреби, вклучително и потребите на нивните деца кои биле директни или индиректни жртви на семејно насилство, а ја напуштиле насилната средина заедно со нивните мајки. Понатаму, во анализата се сублимирани постоечките националните механизми за поддршка на жените жртви на семејно насилство и нивните деца и е претставена нивната достапност и соодветна 4 искористеност. Дополнително, во документот се претставени и позитивните примери од земјите во регионот и Европа.

Анализата на законската регулатива покажува дека жртвите на семејно насилство се препознаени во многу мал дел од законите/политиките/стратегиите како посебна ранлива категорија со специфични потреби. Па оттаму не се предвидуваат ни посебни мерки за помош и поддршка, особено во однос на финансии.

Законот за семејство не ги препознава жртвите на семејно насилство и не обезбедува заштита од идно насилство.

Закон за превенција, спречување и заштита од семејно насилство е заштита, помош и поддршка на жртвите на семејното насилство, сепак законот не е родово сензитивен, користи родово неутрални термини не ги препознава жените како посебно ранлива група, ниту пак предвидува посебни мерки за нивна заштита и реинтеграција.

Законот за работни односи не ги препознава жените жртви на семејно насилство како посебна целна група и не предвидува мерки за заштита од губење на работното место, ниту пак предвидува олеснителни мерки од страна на работодавачите за поддршка на жените кои ја напуштиле насилната средина. Дополнително, законот за вработувањето и осигурување во случај на невработеност ги препознава жртвите на семејно насилство како ранлива категорија и ги поттикнува работодавачите преку ослободување од плаќање на задолжителните придонеси за социјално осигурување.

Во Национална стратегија за вработување на РМ 2016 – 2020 жртвите на семејно насилство се препознаени како посебно ранлива категорија и се предвидени посебни мерки за зголемување на можностите за вработување и постигнување на економска независност.

Оперативни планови за услуги на пазарот на труд и активни програми и мерки за вработување ги препознаваат жените жртви на семејно насилство како ранлива категорија, но мерките не се прилагодени на индивидуалните потреби и реалната состојба на жртвата, туку се генерални за сите категории на лица во социјален ризик.

Законот за домување не ги препознава жените жртви на семејно насилство како посебно ранлива категорија и не предвидува можности за домување специфично дизајнирани за потребите на оваа целна група. Закон за 77 субвенционирање на станбен кредит им дава предност на баратели со помали примања и помали износи на кредит, сепак не наведува специфични групи

Со новиот закон за бесплатна правна помош значајно е унапреден пристапот до правда за различните ранливи категории на граѓани, меѓу кои и жртвите на семејно насилство кои се препознаени како посебна група. Во однос на законот за парнична постапка и законот за судски такси, иако не ги наведуваат жртвите на семејно насилство како посебна група, сепак се позитивни и овозможуваат помош преку ослободување од овие трошоци.

Најзначајниот закон поврзан со финансиска поддршка на лица во социјален ризик е Закон за социјална заштита донесен во мај 2019 година. Во однос на правата на жртвите на семејно насилство кои не се посебно издвоени како лица со егзистенцијални проблеми, како и претходниот и овој закон не ги препознава.

Со оглед на различните економски околности во Република Македонија, потребно е да се изготват мерки и политики, со кои жените кои претрпеле насилство, било која форма на насилство, а се економски зависни од сторителот на насилството, да се обезбедат во одредена временска рамка, во која ќе бидат обезбедени за нормално секодневно фунцкионирање, а притоа поткрепено како со финансиска помош, така и со психотерапетска подготовка за самостоен живот надвор од насилната средина.

Целата анализа може да ја прочитате на следниот линк.

Овој проект е финансиран од програмата за доделување грантови на проектот „Стратешки партнерства за промени: Препознај, почитувај и остварувај права“ финансиран од ЕУ, а спроведен од Здружението за акција против насилство и трговија со луѓе.

Овој документ е изработен во рамките на проектот „Застапување за воведување на социјален пакет за поддршка на жртви на семејно насилство и интимно партнерско насилство“ имплементиран од Националната мрежа против насилство врз жени и семејно насилство

Share on facebook
Facebook
Share on twitter
Twitter
Share on linkedin
LinkedIn

Останати новости

Реакција: Платформата за родова еднаквост најостро го осудува говорот на омраза во предизборниот период

Пред почетокот на предизборната кампања за претстојните парламентарни и претседателски избори, Платформата за родова еднаквост ги повикува и партиите и нивните приврзаници да покажат демократски

Реакција: Личното и интимното е загрозено преку дигиталното родово-базираното насилство кое станува сè поопасно!

Злоупотребата и нарушувањето на личниот, интимен простор станува сè поизразено преку дигиталното родово-базирано насилство. Изразуваме особена загриженост и остро реагираме на последните родово-базирани напади во