31.12.2019: Годишен извештај на WAVE за состојбата со специјализирани сервиси во земјата

Како и предходните години, Националната мрежа беше вклучена во подготовката на сумарниот извештај за состојбата со сервисите за поддршка за жени жртви на родово базирано насилство на европско ниво. Извештајот го подготвува Европската мрежа против насилство врз жени (WAVE) и опфаќа 46 земки во Европа, односно 28 земји членки и 18 земји кои не се членки на Европската Унија. Извештајот дава преглед на ситуацијата со сервисите за поддршка и обезбедува статистички информации за бројот на засолништа за жени, женски центри за поддршка,  национални СОС линии и специјализирани сервиси за жртви на сексуално насилство.

Како резултат на големиот број на податоци кои беа прибрани, беше овозможено да се идентификуваат пропустите во оебзбедувањето на сервиси за поддршка и нивна усогласеност со стандардите на Истанбулската Коневнција. Дополнително во извештајот се вклучени индивидуални профили на 46 земји кои беа вклучени во подготовката на овој документ.

Целиот извештај може да се најде на следниот линк

Клучните наоди од извештајот во однос на дистрибуцијата на сервиси за поддршка на жени жртви на насилство во земјите членки на ЕУ и земјите кои не се членки на ЕУ се преставени во посебен документ – листа на факти кој може да се најде на следниот линк

Сподели

Со поддршка од