На 30 Мај, 2016 година во хотел Порта, Скопје беше промовиран „Водич во терминологија за родово базирано насилство за новинари и медиумски работници“ подготвен од Националната мрежа против насилство врз жени и семејно насилство.
Промоцијата на речникот е последна активност од проектот „Насилството врз жените и медиумите: Унапредување на техниките за известување и медиумска покриеност на случаи на насилство врз жени“ чија општа цел е унапредување на соработката на граѓанските организации и медиумите во насока на подигнување на свеста кај пошироката јавност за постоење на различни форми на насилство врз жени, како и заеднички настап во процесот на застапување за ратификација на Конвенцијата на Советот на Европа за спречување и заштита од насилство врз жени и домашно насилство. Проектот е грантиран од програмата Цивика мобилитас, проект на Швајцарската агенција за развој и соработка (СДЦ) за поддршка на граѓанското општество во Македонија, кој го спроведуваат НИРАС од Данска, Македонскиот центар за меѓународна соработка (МЦМС) од Македонија и Шведскиот институт за јавна администрација (СИПУ).
Водичот во терминологија за родово базирано насилство можете да го симнете тука