Соопштение од прес конференција за Глобалниот ден за безбеден и легален абортус

Денес ширум светот се одбележува 28 септември – Глобалниот ден за акција за пристап до безбеден и легален абортус. Оваа глобална кампања покрај ХЕРА во Македонија ја поддржаа здруженијата: Реактор,  Националната мрежа против насилство врз жените и семејно насилство, Коалицијата за здравствени и сексуални права на маргинализираните заедници, Националниот совет за родова рамноправност – СОЖМ, ЕСЕ – здружение за еманципација, солидарност и еднаквост на жените, Хелсиншкиот комитет за човекови права во Македонија, Акција Здруженска и Бори се женски.

Слоганот на кампањата е „Замислете свет во кој нема осуда на абортусот“. Оваа порака е секако поврзана со фактот дека една од три жени во текот на својот живот ја прекинува бременоста, а сепак во 66 земји во светот абортусот со законите е или целосно забранет или отежнат со што оваа интервенција се изведува вон медицинските установи, нелегално и нестручно, а со тоа се загрозуваат животите на милиони жени во светот.

Во Македонија по ограничувањата на пристапот кон абортус со Законот од 2013 година бележиме неколку случаи во кои жени со сериозни медицински индикации за абортус се оставени да чекаат три дена пред да ја добијат медицинската интервенција со што нивните животи и здравје се поставени под висок ризик и се изложени на нехуман третман. На прво место го истакнуваме примерот со пациентката која морала да го чека задолжителниот период иако  нејзиниот плод бил мртов.  Ова се должи на тоа што медицинските лица се принудени слепо да се придржуваат до законските одредби, во отсуството на подзаконски акти и упатства за трите ограничувачки членови во законот:

содржината на барањето за прекинување на бременоста

задолжителното советување

и задолжителниот период чекање.

Подзаконските акти требаше да бидат донесени во рокот кој си го зададе Министерството за здравство, односно до јуни 2014 една, година по донесувањето на законот.

ХЕРА се надева дека претставката која ја поднесе со партнерските организации и проф. Ристова -Астеруд пред една година конечно ќе биде разгледана, а Уставниот суд на Република Македонија ќе застане во одбрана на уставотворниот принципи на нашата земја  и ќе ги прогласи законските измени како неуставни.

Дополнително ХЕРА ги повикува сите жени кои при остварувањето на загарантираното право за абортус се соочиле со пречки и неправилности или доколку нивното достоинство било нарушено, да не контактираат за медицинска, психо-социјална и правна поддршка.

На крај сакаме да истакнеме дека прекинувањето на бременост е животен факт и не може да се сопре со ригидни закони. Напротив, земјите кои го почитуваат правото на жената, немаат ограничувачка законска регулатива и обезбедуваат пристап до безбеден абортус, имаат најмала стапка на абортус.

Share on facebook
Facebook
Share on twitter
Twitter
Share on linkedin
LinkedIn

Останати новости

Реакција: Платформата за родова еднаквост најостро го осудува говорот на омраза во предизборниот период

Пред почетокот на предизборната кампања за претстојните парламентарни и претседателски избори, Платформата за родова еднаквост ги повикува и партиите и нивните приврзаници да покажат демократски

Реакција: Личното и интимното е загрозено преку дигиталното родово-базираното насилство кое станува сè поопасно!

Злоупотребата и нарушувањето на личниот, интимен простор станува сè поизразено преку дигиталното родово-базирано насилство. Изразуваме особена загриженост и остро реагираме на последните родово-базирани напади во