28.01.2019: Повик за ангажирање: Асистент(ка) во извршната канцеларија на Националната мрежа против насилство врз жени и семејно насилство

Националната мрежа против насилство врз жени и семејно насилство, објавува повик за ангажирање на асистент/ка со полно работно време.

1. Кандидат(к)ите треба да ги исполнуваат следните квалификации:
– Диплома од правен факултетРаботно искуство во граѓански сектор (минимум 5 години)
– Работно искуство со проблематиката на семејно насилство (минимум 3 години)
– Познавање на националното законодавство и механизми за заштита на жени жртви на родово базирано насилство
– Изградени вештини за информатичка технологија (Microsoft Office)
– Одлични познавања на македонски и англиски јазик
– Најмалку двегодишно работно искуство во административно работење

2.Опис на ангажманот:
Ангажираниот кандидат(ка) ќе биде задолжен за спроведување на активности од тековните проекти и програми на Мрежата, со фокус на националните закони и политики за семејно и родово базирано насилство, нивната усогласеност со препораките на Истанбулската Конвенција, следење на имплементација на Националниот акциски план за имплементација на Истанбулската Конвенција, подготовка на предлог измени и предлог политики, изготвување и проследување на правни акти до надлежни институции поврзано со постапување во случаи на семејно и родово базирано насиство, вклученост во подготовка на проекти.

Најдоцна до 4 февруари 2019 година заинтересираните кандидат(к)и треба да достават: кратка биографија и две препораки од предходни работни места.

Кандидат(к)ите кои нема да ги достават бараните документи нема да бидат разгледувани.
Само кандидат(к)и кои ќе влезат во потесниот избор ќе бидат повикани на разговор. Ве молиме наведете телефон за контакт и е-маил адреса.

Документите со назнака/предмет на пораката конкурс за асистент треба се испратат по електронски пат на следната е-маил адреса: coordinator@glasprotivnasilstvo.org.mk

Share on facebook
Facebook
Share on twitter
Twitter
Share on linkedin
LinkedIn

Останати новости