26.12.2017: Презентација на Студија на опсег на различни форми на сексуално насилство во Р. Македонија

На 26.12.2017 г., во хотел Порта-Скопје, Националната мрежа против насилство врз жените и семејно насилство ја промовираше Студијата на опсег на различни форми на сексуално насилство во Р. Македонија. Агендата за настанот е достапна овде.

Студијата на опсег за различните форми на сексуално насилство во Р. Македонија Националната мрежа ја изработи со цел добивање сознанија за тоа колку сексуалното насилство и сексуалното вознемирување се препознава во нашата земја, како и за тоа колку и како се реагира при случаи на сексуално насилство и вознемирување.

За изработка на студијата беа добиени информации од институциите, беше спроведен онлајн прашалник, беа спроведени индивидуални интервјуа и фокус групи со релевантни претставници од институциите и граѓанските организации.

Сексуалното насилство и сексуалното вознемирување се видови родово базирано насилство кои најмалку се препознаваат кај нас, а со кои жените и девојките секојдневно се соочуваат.

Студијата може да ја најдете на македонски, албански и англиски јазик.

 

Сподели

Со поддршка од