26.11.2015: Работен состанок со претставници од релевантни институции во Тетово

Здружението „Женски Форум“ – Тетово, организација членка на Националната мрежа против насилство врз жени организираше работен состанок со претставници од локалните релевантни институции на 26 ноември 2015 година. На состанокот се разговараше за состојбата во Тетово во однос на системот на заштита и поддршка на жени жртви на насилство, со фокус на жртвите на семејно насилство. Посебен акцент се стави на оддржливост на специјализираните сервиси за поддршка  кои ги обезбедуваат невладините организаци меѓу кои е и Женски Форум со сервисот бесплатна правна помош.

Работниот состанок е во рамки на кампањата „16 дена активизам против насилство врз жени“, која е дел од активностите на проектот „Застапување за обезбедување оддржливост на специјализирани сервиси за жртви на семејно насилство“ поддржан од Проектот на УСАИД за граѓанско општество. Кампањата „16 дена активизам“ е поддржана и од шведската фондација Квина тил Квина.

Сподели

Со поддршка од