25.11.2013: Соопштение за медиуми – Порака од извршната директорка на UNWOMEN за Меѓународниот ден против насилство врз жени

Соопштение за медиуми

‘БИДЕТЕ ДЕЛ ОД KРЕИРАЊЕТО НА РЕШЕНИЈА’ ИСТАКНА ИЗВРШНАТА ДИРЕКТОРКА НА UN WOMEN ЗА МЕЃУНАРОДНИОТ ДЕН ЗА ЕЛИМИНИРАЊЕ НА НАСИЛСТВОТО ВРЗ ЖЕНИТЕ

(New York, 21 Ноември) – Во својата прва порака по повод Меѓународниот ден за елиминирање на насилството врз жените – 25 Ноември, извршната директорка на UN Women, Г-а. Phumzile Mlambo-Ngcuka ги повика сите земји да „бидат дел од креирањето на решенија„ за пандемијата на насилството врз жените, од кое денес страда една од секои три жени во светот.

Меѓународниот ден за елиминирање на насилството врз жените се прославува низ целиот свет на 25 ноември, и воедно означува почеток на 16 Дена Активизам против родово-базирано насилство, кога голем број поединци и групи повикуваат за ставање крај на сите форми на насилство врз жените и девојките.

Во нејзината порака, Г-а. Mlambo-Ngcuka ги повикува светските лидери „да дадат одговор кој е пропорционален на обемот во кој жените и девојчињата доживуваат насилство„. Таа истакнува дека родовата нееднаквост е главната причина за насилството врз жените и затоа треба итно да се работи на тој проблем. Решенијата треба да бидат сеопфатни и на сите нивоа, од училиштата кои треба да учат на почитување на сите, до поголем пристап на жените кон економски можности и правда, повеќе жени во политиката и мировните процеси, и итна потреба женските гласови да бидат слушнати во секое општество.

Phumzile Mlambo-Ngcuka, Извршна Директорка на UN Women: Порака по повод Меѓународниот ден за елиминирање на насилството врз жените 2013 

Насилството врз жените и девојчињата е кршење на човековите права. Тоа е насилство врз семејствата, врз општествата, врз нациите и човештвото. Тоа е закана за мирот, безбедноста и сигурноста, според Советот за Безбедност на ООН. Тоа има такви размери што бараат акција од сите нас, млади и стари, жени и мажи.

Денес, на Меѓународниот ден за елиминирање на насилството врз жените, и секој друг ден, ние мораме да застанеме, да проговориме и да бидеме дел од решенијата за ова кршење на човековите права. Денес во светот, една од три жени во просек ќе биде изложена на насилство во нејзиниот живот. Ова насилство не знае граници и ги погодува жените и девојчињата од сите возрасти, сите социјални нивоа, сите раси, религии и култури. Од конфликтните зони до урбаните места и универзитетските кампуси, насилството бара сите ние да работиме на негова превенција и да делуваме СЕГА.

Голем дел од случаите завршуваат непријавени и непризнаени а жртвите оставени, невидливи и страдаат во тишина. Таквата ситуација е неприфатлива. Затоа денес ги повикувам светските лидери, да покажат посветеност и да дадат одговор кој е пропорционален на обемот на насилството кое им се заканува на жените и девојчињата. Време е да се преземат мерки, во согласност со меѓународните стандарди и договори.

Ги повикувам сите Земји Членки на ООН, насилството врз жените да го стават како приоритет во новата развојна рамка после истекот на Милениумските Развојни Цели во 2015. Со посветено лидерство за превенција, заштита, прогон и соодветни услуги, ние можеме да ставиме крај на оваа глобална пандемија. Тоа зависи од сите нас. Заедно да ставиме крај на насилството врз жените и девојчињата!

Сподели

Со поддршка од