25.10.2017: Конференција „Фемициди – убиства на жени затоа што се жени“

На 25. октомври 2017, со почеток во 10 часот, во хотел Порта – Скопје, се одржа конференција „Фемициди – убиства на жени заради тоа што се жени“ во организација на Националната мрежа против насилство врз жени и семејно насилство, во соработка со ОН.

Главна говорничка на конференцијата беше г-ѓа Шалва Веил, професорка на Хебрејскиот универзитет во Ерусалим и позната истражувачка и гласноговорничка на темите насилство врз жени и убиство на жени – фемициди. Таа се залага фемицидите да бидат третирани како социолошки факт на кој е потребно да се посвети должно внимание и да се надминат предизвиците во нивното истражување.

Покрај професорката Веил, говорнички на конференцијата беа Луиза Винтон, постојана координаторка на ОН и постојана претставничка на УНДП; Вирве Вимпари од Делегацијата на ЕУ; Светлана Цветковска од
Министерство за труд и социјална политика; Елена Димушевска, извршна директорка на Националната мрежа; Силва Пешиќ, Советник за човекови права во Канцеларијата на постојаниот координатор на Обединети нации; и Билјана Чавковска, членка на Мрежата за фемициди во Европа.

Агендата за настанот е достапна овде.

Share on Facebook0Tweet about this on TwitterShare on Google+0Share on LinkedIn0Email this to someonePrint this page

Сподели

Со поддршка од