25.09.2018: Работна средба за воспоставување на советувалишни центри во Полошки плански регион

На 25.09.2018, во работните простории на хотел Лирак во Тетово, се одржа работна средба со претставници од областа на социјалната заштита, кои работат во општините на Полошкиот плански регион и тимот на Националната мрежа. Со оваа работна средба се започна процесот на соработка помеѓу Националната мрежа и локалната самоуправа од Полошкиот плански регион, за воспоставување на советувалишни центри за психо-социјална помош и поддршка за жени и деца жртви на семејно насилство во Тетово и Гостивар, кои ќе го опслужуваат целиот Полошки регион.

Градоначалниците во предизборниот период, со потпишување на Јавната заложба за унапредување на заштитата на жените и децата жртви на различни форми на насилство, вклучително и семејно насилство на локално ниво, се заложија да одвојат дел од локалните буџети за унапредување/воспоставување на сервиси за жртвите на насилство.

На оваа средба учествуваа претставници од областа на социјалната заштита од: општина Тетово, општина Врапчиште, општина Јегуновце, општина Боговиње, општина Брвеница, општина Маврово и Ростуша и општина Желино.

Сподели

Со поддршка од