„Со здружени напори – Кон нови европски стандарди во заштита на жените од родово базираното насилство“

Националната Мрежа Против Насилство врз Жените и Семејно Насилство е локален партнер во проектот  „Со здружени напори – Кон нови европски стандарди во заштита на жените од родово базираното насилство“ имплементиран од Советот за Родова Рамноправност а поддржан од Европската Унија.

Во текот на месеците Мај и Јуни, извршната канцеларија оствари состаноци со  претставници од секторите за социјална заштита и комисиите за еднакви можности  во следниве општини: Центар, Кисела Вода, Сопиште,Аеродром, Гази Баба и Шуто Оризари. Целта на овие состаноци беше собирање на информации за постоење на посебни програми за семејно  насислтво како и информација за остварената соработка со центрите за социјална работа и невладините организации.

Во склоп на активностите беа спроведени  десетина интервјуа со жени жртви на семејно насилство , кои ги споделија  своите искуства од постапувањето на институциите  кога  е пријавено семејно насилство.

Понатаму беше остварен состанок и со директорката  на  Меѓуопштинскиот центар за социјална работа, и стручниот тим од секторот за семејно насилство. Целта на состанокот беше дискусија за проблемите со кои се соочува стручниот тим и потребите кои ги има во насока на подобрена заштита на жртвите.

Од добиените информации беше изработен краток извештај за состојбата со семејното насилство во овие општини и препораки како да се подобри. Се очекува публикација на извештајот.

Share on facebook
Facebook
Share on twitter
Twitter
Share on linkedin
LinkedIn

Останати новости