25.05.2016: Соопштение за јавност – Европската мрежа Жени против насилство (WAVE) и партнерските организации започнуваат со кампањата Step up!

Европската мрежа Жени против насилство (WAVE) и партнерските организации започнуваат со кампањата Step up! 

Кампања за правото на жените жртви на насилство и нивните деца

за пристап до сервиси за поддршка и заштита

 „Во многу земји во Европа не се вложува доволно во специјализирани сервиси за поддршка и, како последица на тоа, жените немаат каде да се обратат за соoдветна помош. Ги повикуваме институциите на ЕУ, националните влади и останатите чинители да ги засилат напорите за спречување на насилството врз жените!“ (Роза Логар, Претседателка на WAVE)

Денес, Европската мрежа Жени против насилство (WAVE), чии членки се и Националниот совет за родова рамноправност и Националната мрежа против насилство врз жените и семејно насилство, започнува европска кампања која ќе се одвива во текот на следните две години. Членките на WAVE ќе се залагаат за унапредување на правата на жените жртви на насилство и нивните деца за пристап до сервиси за поддршка и заштита.

Насилството врз жените е најраспространета форма на  кршење на човековите права и многу често има фатални последици. Општествените норми, предрасудите и стереотипите се дел од причините за големиот број непријавени случаи на родово засновано насилство. Во многу општества ова насилство се осудува, но во исто време и молчешкум се толерира. Но оваа појава влијае на сите нас, на целото општество. Потребни се сервиси за поддршка за зајакнување на жените и искоренување на оваа појава. Затоа, од владите и чинителите во цела Европа бараме да се вложува повеќе во специјализирани сервиси кои работат од перспектива на човекови права и кои ќе влијаат за општествена промена.

Целото соопштение можете да го прочитате тука. 

Сподели

Со поддршка од