Соопштение за јавност „ТРЕТ ПРОТЕСТ- СТОП ЗА НАСИЛСТВОТО ВРЗ ЖЕНИТЕ“

На 25 ноември минатата година, најавивме протести секој 25 ти во месецот се додека не биде одговорено на нашите барање, односно се додека државате не превземе конкретни чекори за унапредување на заштитата на жените жртви на семејно насилство и воспоставување на рамка за заштита од сите форми на родово базирано насилство. Бидејќи се уште не добивме никаков одговор од министерот, денеска го одржавме третиот протест пред Министерството за труд и социјална политика. Револтирани од разрешницата на случајот Кавадарци, каде животот го изгубија три лица, а службените лица кои не постапиле соодветно протокол за постапување добија само парични казни, прашавме: Дали нашите животи чинат 200 евра?!

 Бараме да ни одговорите:

1. Што презедовте да ја зајакнете и имплементирате постоечката законска регулатива што ги адресира различните форми на насилство врз жените и децата, вклучувајки го и сексуалното и семејното насилство

2. Што презедовте да ги обучите полициските службеници соодветно и професионално да реагираат на ваквите случаи на  насилство врз жени и семејно насилство?

3. Што превзедовте да ги обучите стручните работници во Центрите за социјална работа и здравствените работници да постапуваат соодветно и професионално во случаите на насилство врз жени и семејно насилство?

4. Што презедовте да поттикнете пријавување на случаи на различни форми на насилство врз жените и семејно насилство?

5. Дали ја зголемивте достапноста и ефективноста на привремените мерки за заштита од семејно насилство?

6. Дали го унапредивте системот за прибирање на податоци за жртви на семејно насилство?

7. Што презедовте за да воспоставите систем за прибирање на податоци за различните форми на насилство врз жените?

8.Што презедовте за да го зголемите бројот на шелтер центри за згрижување на жени и деца жртви на семејно насилство?

9. Дали презедовте нешто за да обезбедите сервиси за заштита од различните форми на насилство врз жените?

10. Што презедовте за да ја подигнете свеста на општата популација за негативните последици од насилството врз жените и децата?

11. Дали презедовте нешто за да објасните кои се различните форми на насилство врз жените и како да се превенирааат истите?

12. Што презедовте за да ја ратификувате Конвенцијата на Советот на Европа за спречување и заштита од сите форми на насилство врз жената и домашно насилство?

ШТО ПРЕЗЕДОВТЕ ЗА ДА НЕ ЗАШТИТИТЕ ОД ИДНО НАСИЛСТВО?

 Бараме:

* Отварање на специјализирани шелтер центар за жени жртви на насилство, достапни во секој регион, со едно место на секои 10.000 жители; или доколку шелтер центрите се дел од општествена стратегија за интервенција треба да постои место за едно семејство на 10.000 жени;

* Минимум една бесплатна национална СОС линија која ќе ги покрива сите видови на насилство врз жената, оперативна 24 часа 7 дена во неделата и обезбедува кризна поддршка на сите јазици кои се употребуваат  во заедницата; стандардизација на програмите за СОС операторите;

* Отварање на кризни центри за помош на жртви на силување, минимум еден на 200 000 жени;

* Отварање на центри за жртви на сексуално насилство, минимум еден на 400 000 жени;

* Отварање на минимум еден советувалишен центар на 50 000 жени (кој ке обезбедува советување од секаков тип: кризна интервенција, психолошко советување, бесплатна правна помош и др.);

* Обука на стручен кадар за обезбедување на услуги на жртви на различни форми на насилство со обврска за континуирано професионално надоградување;

* Обезбедување на одржливост на сервисите преку развивање на програма за подршка од државата.

Го прашуваме Министерот г-дин Диме Спасов – Дали постоечките шелтер центри со кои раководи МТСП се функционални? Колку жени биле сместени во изминатава година? Дали сметате дека со постоењето на овие шелтер центри сте ја исполниле обврската за обезбедување на заштита од семејно насилство?

Во Република Македонија не постојат сервиси за другите форми на насилство врз жени. Постоечките ресурси и услуги се однесуваат доминантно на жртви на семејно насилство, а останатите видови на насилство врз жената, особено сексуалното насилство се практично изоставени. Институциите имаат недостаток од стручен кадар обучен за работа со други форми на насилство. Не постои стандардизација на услугите и сервисите помеѓу давателите на услуги.

                                                                                                                                                                                                      

Share on facebook
Facebook
Share on twitter
Twitter
Share on linkedin
LinkedIn

Останати новости

Реакција: Платформата за родова еднаквост најостро го осудува говорот на омраза во предизборниот период

Пред почетокот на предизборната кампања за претстојните парламентарни и претседателски избори, Платформата за родова еднаквост ги повикува и партиите и нивните приврзаници да покажат демократски

Реакција: Личното и интимното е загрозено преку дигиталното родово-базираното насилство кое станува сè поопасно!

Злоупотребата и нарушувањето на личниот, интимен простор станува сè поизразено преку дигиталното родово-базирано насилство. Изразуваме особена загриженост и остро реагираме на последните родово-базирани напади во