24.09.2020: Конкурс за ангажирање на социјална работничка

Националната мрежа против насилство врз жени и семејно насилство, објавува Конкурс за ангажирање на Социјална работничка:

Кандидатките треба да ги исполнуваат следниве критериуми:

– универзитетска диплома од областа на социјална работа и социјална политика;

– најмалку 2 години работно искуство со жени и деца жртви на родово базирано насилство и семејно насилство;

– најмалку 2 години искуство во граѓански сектор;

– добро познавање на системот за социјална заштита;

– одлично познавање на македонски и англиски јазик;

 Предност ќе имаат кандидатките кои:

– имаат практично искуство во работа со жени жртви на родово базирано насилство и семејно насилство (вклучително и деца);

– добро изградени организациски и комуникациски вештини;

– кандидатки кои се динамични и самоиницијативи;

–  работа со програми на Microsoft Office (word, excel, PowerPoint);

Опис на ангажманот:

  • Прием и процена на жени и деца жртви на насилство и семејно насилство: процена на социјален ризик, безбедносен ризик, ризик од бездомништво; процена индивидуални потреби за психосоцијална, правна и финансиска помош и поддршка;
  • Раководење со случаи на жртви на насилство и семејно насилство: креирање индивидуален план за работа, креирање и водење досие за секој случај, следење на случајот;
  • Советување за остварување социјални права;
  • Менторство при вработување и меки вештини: советување, поддршка и обучување за пишување професионална биографија и пропратни документи за вработување, интервју за работа и комуникација со работодавци; насоки и поврзување со агенцијата за вработување и програмите за вработување и до-обучување.
  • Придружба со надлежни институции, граѓански организации и слично.

Ангажманот предвидува работно време 09.00-16.00 секој работен ден, со паричен надоместок од 21.000 денари во бруто износ.

Најдоцна до 16.30 часот на 30 Септември 2020 година заинтересираните кандидатки треба да достават:

– скенирана копија од дипломата за завршено образование

– кратка биографија

– најмалку една препорака од претходните работни места

Кандидатките кои нема да ги достават бараните документи нема да бидат разгледувани.

Само кандидатки кои ќе влезат во потесниот избор ќе бидат повикани на разговор. Ве молиме наведете телефон за контакт и е-маил адреса.

Документите со назнака/предмет на пораката „Конкурс за Социјална работничка “ треба се испратат по електронски пат на следната е-маил адреса: coordinator@glasprotivnasilstvo.org.mk

Сподели

Со поддршка од