24.02.2021: Јавен повик за за медиумски работници за учество на обуки за унапредување на медиумската писменост за родово базираното насилство и насилството врз жени и девојчиња

ХОПС – Опции за здрав живот Скопје (ХОПС) во партнерство со Коалиција Маргини и Националната мрежа за борба против насилството врз жените и семејното насилство, во рамки на проектот “Different discourse better reality, media in combating gender based violence – strengthening media literacy on gender based violence” поддржан од UN Women во Скопје, објавува јавен повик за учество на Обуки за унапредување на знаењата и вештините кај медиумските професионалци во областа на родово базираното насилство и насилството врз жени и девојчиња, но и за улогата на медиумските работници во борбата и сузбивањето на насилството врз жените.

Обуките  се наменети за сите заинтересирани медиумски работници (новинар(к)и, истражувачки новинари, репортери, уредници, лица од институции/организации кои работат во полето на медиумите, лица од менаџментот на медиумите како и лица кои креираат и објавуваат статии и други содржини од наведената област на различни типови медиуми). На обуките можат да се пријават медиумски работници од сите типови на медиуми.

Обуките ќе бидат реализирани врз основа на специјално креирани Модули единствени од ваков тип кај нас, од познати и признати експерти во областите на: медиумите, родовата еднаквост, националното и меѓународното законодавство и системот на заштита на жртвите на родово базирано насилство, човековите права.

За време на тридневните обуки, учесниците ќе се стекнат со знаења и вештини за: Родово базираното насилство и маргинализираните групи, Националното законодаство и системот на заштита на жртвите од родово базирано насилство и семејно насилство како и за најновите податоци од истражувања и Техниките за известување за родово базираното насилство и насилството врз жени и девојчиња.

По завршувањето на обуките, постои можност за ангажман за креирање на стории поврзани со темите од обуките, за бруто паричен надомест од 3.000 денари по лице. Лицата кои ќе работат на оваа задача ќе бидат избрани по завршувањето на сите планирани обуки, согласно систем на избор од страна на експертите обучувачи.

Во првиот циклус ќе бидат спроведени вкупно две обуки во Скопје кои ќе траат по три дена. Се работи за исти обуки, но во два различни термини а учесниците може да изберат еден од наведените термини за да се пријават, и тоа:

Прва обука од 10ти до 12ти Март 2021 – линк за пријавување за овој термин тука – пријавување најдоцна до 08.03.2021, до 16.00 часот

Втора обука од 24ти до 26ти Март 2021 – линк за пријавување за овој термин тука , пријавување најдоцна до 17.03.2021, до 16.00 часот

Важна напомена: Поради типот на обуките и начинот на изведување на истите, а да се постигне квалитетот кој е планиран според специјално дизајнираните Модули, бројот на учесници е строго ограничен.

Сите останати детали во однос на обуките, ќе ги добиете после вашето пријавување.

Обуките ќе бидат организирани согласно сите важечки мерки и протоколи за организирање на настани за намалување на ширењето и заштитата од Ковид 19.

Трошоците за присуство на обуката, оброци и освежување за време на обуката – се на товар на организаторот.

Огласот е отворен за сите медиумски професионалци на територијата на град Скопје.

Напомена: Ќе бидат организирани уште две дополнителни регионални обуки кои ќе дадат можност и за заинтересирани медиумски работници од други градови од државата.

Лице за контакт:

Елена Петровска

elena.coalition@gmail.com

075 207 187

Сподели

Со поддршка од