22.12.2016: Промоција на „Извештајот од мониторингот на спроведувањето на Законот за превенција, спречување и заштита од семејно насилство“

На 22-ри декември во хотел Порта, се оддржа промоција на „Извештајот од мониторингот на спроведувањето на Законот за превенција, спречување и заштита од семејно насилство“ во организација на Националната мрежа против насилство врз жени и семејно насилство.

Целта на оваа анализа беше да даде информација колку досегашната примена на Законот за превенција, спречување и заштита од семејно насилство успева да ја оствари целта поради која е донесен, а која произлегува од самиот наслов на законот – превенција и заштита од семејно насилство. Потребата од изработка на една ваква анализа произлегува пред сѐ од фактот што се работи за Закон кој беше промовиран како новина во системот на заштита од семејно насилство и кој требаше да обезбеди ефикасна заштита на жртвите, но и да гарантира координирано постапување на институциите. Големиот број на случаи во кои институциите не успеале да обезбедат заштита, а кои беа објавени од страна на медиумите, но и здруженијата на граѓани кои работат во делот на семејното насилство исто така ја истакнуваат потребата од анализа за досегашното функционирање на Законот.

На промоцијата на Извештајот од мониторингот на спроведувањето на Законот за превенција, спречување и заштита од семејно насилство беше презентирана: методологијата за мониторинг наодите од мониторингот на спроведување на Законот за превенција, спречување и заштита од семејно насилство како и препораките за унапредување на Законот за превенција, спречување и заштита од семејно насилство од страна на Елена Димушевска и Неда Чаловска.

Извештајот од мониторингот на спроведувањето на Законот за превенција, спречување и заштита од семејно насилство може да го симнете тука .

Настанот е дел од активностите во рамки на проектот „Спречување на насилството врз жените во согласност со ЕУ стандардите“ чија цел е воспоставување на ефективна законска рамка и систем за заштита и подршка на жените од сите форми на насилство во согласност со Конвенцијата на Советот на Европа за спречување и борба против насилството брз жените и домашното насилство (Истанбулска Конвенција), финансиран од Квина тил Квина.

Share on Facebook0Share on LinkedIn0Tweet about this on Twitter0Share on Google+0Email this to someone

Сподели

Со поддршка од