Работна средба со Академија за судии и јавни обвинители за имплементација на Истанбулската конвенција

На 21.09.2018, Националната мрежа против насилство врз жените и семејно насилство во соработка со Академијата за судии и јавни обвинителив „Павел Шатев“, организираше работна средба со судии и јавни обвинители на која се разговараше за имплементацијата на Конвенцијата на Советот на Европа за спречување и борба против насилството врз жените и домашното насилство-Истанбулска конвенција.

Говорнички на средбата беа: Билјана Настовска од UNDP Македонија, Јасна Оровчанец Аранѓеловиќ од Македонско здружение на млади правници и Марта Гусар, адвокатка од Скопје.

На работната средба беше презентирано значењето на Истанбулската конвенција, а потоа се зборуваше за потребните измени и дополнувања во македонското законодавство, практиките на судиите и јавните обвинители при случаи на насилство врз жени и семејно насилство како и, како да се подобрат и за потребата од подобрување на соработката помеѓу институциите кои се занимаваат со проблемот на насилство врз жени и семејно насилство.

Истанбулската конвенција, претставува најзначаен меѓународен документ за борбата со домашното насилство. Како меѓународен документ, Конвенцијата дава исклучителен и забележлив придонес на меѓународен план во борбата со насилството врз жените и домашното насилство. Р.Македонија ја ратификуваше оваа Конвенција 22.12.2017, а истата стапи на сила 01.07.2018 год.

Share on facebook
Facebook
Share on twitter
Twitter
Share on linkedin
LinkedIn

Останати новости