Партнерство со Национален совет за родова рамноправност „Со здружени напори кон нови европски стандарди во заштита на жените од родово базирано насилство“

Националната мрежа против насилство врз жените и семејно насилство е локален партнер на Националниот Совет за Родова рамноправност во рамки на регионалниот проект „Со здружени напори – Кон нови европски стандарди во заштита на жените од родово базирано насилство“, финансиран од Европска Унија, а кој ќе се имплементира во пет земји од регионот (Македонија, Србија, Хрватска, Босна и Херцеговина, Словенија) и Австрија.  Проектот ќе се реализира во 2013 и 2014 година.

Рамка за проект активностите претставува Koнвенцијата на Советот на Европа за спречување и борба против насилство врз жените и домашно насилство (Истанбулска Конвенција, усвоена од Совет на Европа на 7 април 2011год.) а потпишана од Република Македонија во јули 2011 година.

Основна цел на проектот e придонес кон воспоставување на сеопфатни законски решенија и политики за заштита од родово базирано насилство на Западен Балкан, како услов за постигнување на демократија, исполнување на човековите права, социјално вклучување и ускладување со европските вредности. Покрај тоа, проектот е насочен кон јакнење на капацитетите на женски организации и мрежи за анализа, следење и застапување во областа на заштита на жените од родово базирано насилство, преку долгорочна регионална соработка и учење од искуствата на ЕУ.

Share on facebook
Facebook
Share on twitter
Twitter
Share on linkedin
LinkedIn

Останати новости

Реакција: Платформата за родова еднаквост најостро го осудува говорот на омраза во предизборниот период

Пред почетокот на предизборната кампања за претстојните парламентарни и претседателски избори, Платформата за родова еднаквост ги повикува и партиите и нивните приврзаници да покажат демократски

Реакција: Личното и интимното е загрозено преку дигиталното родово-базираното насилство кое станува сè поопасно!

Злоупотребата и нарушувањето на личниот, интимен простор станува сè поизразено преку дигиталното родово-базирано насилство. Изразуваме особена загриженост и остро реагираме на последните родово-базирани напади во