20.05.2019: Промовирано истражувањето на ОБСЕ за добросостојбата и безбедноста на жените

ОБСЕ – Организација за безбедност и соработка на Европа спроведе истражување за добросостојбата и безбедноста на жените кое траеше 2017-2019 во партнерство со Европскиот институт за родова еднаквост, Агенцијата за основните права на Европската унија и Програмата за развој на ОН. Главната цел на истражувањето е да се обезбедат компаративни податоци за различни форми на насилство на кои жените се изложени во детството и понатаму  во текот на нивниот животен циклус. Покрај Република Северна Македонија, во истражувањето беа вклучени и Србија, Црна Гора, Босна и Херцеговина и Молдавија.

На 15-ти мај 2019 година ОБСЕ ги презентираше наодите од истражувањето кои се однесуваат на нашата држава. Главните наоди од истражувањето покажаа дека:

  • Насилството врз жените е широко прифатено како нормално и е непријавувано

Речиси половина од жените сметаат дека семејното насилство е приватна работа, а три од десет сметаат дека жртите ги преувеличуваат тврдењата за злоупотреба и насилство. Многу малку жени го пријавиле насилство главно поради срам, финансиски причини, недостаток на информации и недоверба во сервисите за помош, страв и недостаток од препознавање на она што се смета за насилство.  45 % од жените се соочуваат со насилство од интимен партнер, 9 % искусиле физичко, а 44 % доживеале психолошко насилство. Речиси половина (48%) од испитаните жени се согласуваат дека семејното насилство е приватна работа, а скоро три од десет (28%) сметаат дека насилството честопати го предизвикува жртвата.

  • Недостаток на засолништа и одржливост на постојните сервиси

Најгмногу идентификувани и непрепознаени потреби на жените се недостатокот на финансиска помош и долгорочни засолништа. Жените и експертите се согласуваат дека нема доволно засолништа, нема доволно одржливо финансирање и дека постојат пречки за пристап до постојните засолништа.

  • Потреба од поголема поддршка и насочена акција за помош на жените од малцинските групи и од руралните средини

Ставовите и нормите кај албанските и ромските жени беа потрадиционални отколку во општата популација. Прифаќањето на насилството врз жените и третирањето на насилството како приватна би можело да ги спречи овие групи на жени да прифатат помош. Жените од руралните средини се изложени на зголемен ризик поради нивната оддалеченост од сервиси за поддршка и недостаток на финансиска независност. 57% од жените што зборуваат албански сметаат дека нивните пријатели ќе се согласат дека добрата сопруга му се покорува на сопругот, дури и ако таа не се согласува. Дека семејното насилство е приватна работа е почесто верувањето кај жените што зборуваат албански (67%) отколку кај жените што зборуваат македонски (42%).

Извештајот за Република Северна Македонија може да го прочитате на следниот линк:

https://www.osce.org/mk/secretariat/424409?download=true

Резултатите од целото истражување може да ги прочитате на следниот линк

https://www.osce.org/secretariat/413237?download=true

Share on facebook
Facebook
Share on twitter
Twitter
Share on linkedin
LinkedIn

Останати новости

Реакција: Платформата за родова еднаквост најостро го осудува говорот на омраза во предизборниот период

Пред почетокот на предизборната кампања за претстојните парламентарни и претседателски избори, Платформата за родова еднаквост ги повикува и партиите и нивните приврзаници да покажат демократски

Реакција: Личното и интимното е загрозено преку дигиталното родово-базираното насилство кое станува сè поопасно!

Злоупотребата и нарушувањето на личниот, интимен простор станува сè поизразено преку дигиталното родово-базирано насилство. Изразуваме особена загриженост и остро реагираме на последните родово-базирани напади во