Конкурс за учество на циклус работилници за Известување за теми од родово базирано насилство

Конкурс за учество на циклус работилници за

Известување за теми од родово базирано насилство

Националната мрежа против насилство врз жени и семeјно насилство – Глас против насилство во соработка со Здружение на новинари за човекови права со подршка од програмата Цивика мобилитас, проект на Швајцарската агенција за развој и соработка (СДЦ) за поддршка на граѓанското општество во Македонија, кој го спроведуваат НИРАС од Данска, Македонскиот центар за меѓународна соработка (МЦМС) од Македонија и Шведскиот институт за јавна администрација (СИПУ), распишува Конкурс за учество на циклус работилници за известување за теми од родово базирано насилство наменети за новинари и студенти на Студии по новинарство при Правниот Факултет.

Работилниците ќе се одржат во рамките на проектот „Насилството врз жените и медиумите: Унапредување на техниките за известување и медиумска покриеност на случаи на насилство врз жени“ чија општа цел е унапредување на соработката на граѓанските организации и медиумите во насока на подигнување на свеста кај пошироката јавност за постоење на различни форми на насилство врз жени, како и заеднички настап во процесот на застапување за ратификација на Конвенцијата на Советот на Европа за спречување и заштита од насилство врз жени и домашно насилство. Во рамки на активностите предвидено е подготовка и објавување на статии за различните форми на насилство врз жените, како и избор на најдобра статија.

Работилниците ќе се одржуваат во работни денови во период од Јануари 2016 година до Април 2016 година. Работен јазик: македонски јазик.

Теми за циклус од 9 работилници:

1. Иницијална работилница за запознавање со Конвенцијата на Советот на Европа за спречување и заштита од насилство врз жени и домашно насилство – Истанбулска Конвенција

2. Сексуално насилство и силување

3. Физичко насилство и фемицид

4. Интимно партнерско насилство и Семејно насилство

5. Насилство врз жени со попреченост

6. Присилна стерилизација, Присилен и селективен абортус

7. Договорени бракови, Малолетнички бракови и Продажба на сопруги

8. Насилство врз жени мигрантки и азилантки

9. Насилство врз жени од особено ранливи малцински групи

За учество на работилниците, апликантите треба да ги исполнуваат следните услови:

– Да се новинари на печатени медиуми, електронски медиуми (ТВ, радио), дигитални медиуми

– Да се студенти од 3-та или 4-та година на Студии по новинарство при Правен Факултет

– Да се подготвени да учествуваат на сите девет работилници

Сите заинтересирани очекуваме да се пријават најдоцна до понеделник, 25.01.2016 година на следниот е-маил: coordinator@glasprotivnasilstvo.org.mk

За дополнителни информации можете да не контактирате на: тел. 078442006, и на е-маил: zurija@glasprotivnasilstvo.org.mk 

Share on facebook
Facebook
Share on twitter
Twitter
Share on linkedin
LinkedIn

Останати новости

Реакција: Платформата за родова еднаквост најостро го осудува говорот на омраза во предизборниот период

Пред почетокот на предизборната кампања за претстојните парламентарни и претседателски избори, Платформата за родова еднаквост ги повикува и партиите и нивните приврзаници да покажат демократски

Реакција: Личното и интимното е загрозено преку дигиталното родово-базираното насилство кое станува сè поопасно!

Злоупотребата и нарушувањето на личниот, интимен простор станува сè поизразено преку дигиталното родово-базирано насилство. Изразуваме особена загриженост и остро реагираме на последните родово-базирани напади во