19.05.2018: Хуманитарна акција во борба против насилството врз жените

Националната мрежа против насилство врз жените и семејно насилство во соработка со маркетинг агенцијата „Мамамо“ од Скопје, потпомогнати од општина Центар и АД Пелистерка, на 19 мај 2018, на ул.Македонија, организираа заедничка хуманитарна акција на која заедно со неколку македонски естрадни ѕвезди, се обидоа да ја покренат свеста за постоењето на насилството врз жените и семејното насилство во Македонија.

На улица Македонија беа поставени три големи сликарски платна на кои цртаа учесниците и минувачите.   Овие три платна кои се веќе оформена слика ќе бидат продадени на аукција, а средствата ќе бидат донирани во Интервентниот женски фонд. За музички дел на настанот задолжени беа Александар Митевски, Влатко Лозановски, Тони Андреев, Марко LOGOUT, Виктор Апостоловски и DJ tight beats.

Интервентниот Женски Фонд e наменет за помош на жени кои се жртви на насилство и кои сакаат да ја напуштат насилната средина. Иницијалната помош ќе биде за обезбедување на медицинска документација, извештаи од специјалисти, за ангажирање адвокат до моментот на добивање бесплатна правна помош, како и други итни мерки за поддршка на жената да излезе од насилната врска.
Броеви за донации: ОнеВИП – 143 477
Телеком – 070 143 300

 

Сподели

Со поддршка од