Препораки за справување со насилство врз жени и семејно насилство во Западен Балкан во време на пандемија

Најголемиот дел од Владите во Западен Балкан прогласија вонредна состојба во своите држави кратко откако беше прогласена пандемија на КОВИД-19, на 11 март 2020. Беа воведени превентивни мерки за ограничување на движење, полициски час и целосно карантински денови, како и мерки за заштита и поддршка на сите граѓани, вклучувајќи ги и ранливите категории.

За жал, некои ранливи категории, како што се жените жртви на насилство, беа комплетно исклучени од мерките и препораките, заедно со нивните деца, кои исто така се и беа под ризик од насилство.

Документот опфаќа преглед на акциите и чекорите за заштита на жените и децата жртви превземени од Владите и надлежните институции, активности спроведени од женските граѓански организации за поддршка и заштита на жените и децата жртви на семејно насилство во време на КОВИД пандемијата, како и препораки за посткризни мерки и следни чекори кои треба да се превземат од страна на Владите.

Во подготовка на овој документ беа вклучени 7 организации од Западен Балкан: Автономен Женски Центар (Србија), Косовска Женска Мрежа (Косово), Фондација Обединети Жени ( БиХ), Центар за женски права (Црна Гора), Албанска мрежа против насилство врз жени, Алијанса за родова перспектива (Албанија) и Националната мрежа против насилство врз жени и семејно насилство (Северна Македонија).

Оваа активност се спроведе во рамките на проектот „Институционализирање на квалитетни услуги за рехабилитација и интеграција на жртви од насилство“ поддржан од Австриската Агенција за развој (АДА).

Целосниот документ е достапен тука.

Share on facebook
Facebook
Share on twitter
Twitter
Share on linkedin
LinkedIn

Останати новости