18.09.2018: WAVE повик за стрип-уметници

Дали си графичка дизајнерка или карикатуристка која сака да креира стрипови со социјална проблематика, со цел да иницира позитивна општествена промена? Би сакале да те поканиме да ги употребиш твојот талент и способности во промовирањето на женските права!

Ние, Европската мрежа против насилство врз жените WAVE (Women against violence Europe) и Националната мрежа против насилство врз жените и семејно насилство, сме во потрага по стрип-уметници/карикатуристки кои ќе ја замислат и презентираат своја визија на инспиративен карактер, преку ликот на „Shero“- супер хероина, која ќе биде лик на позитивни промени во општеството. Замислете си еден ден од животот на Shero, чија мисија е да го превенира и спречува насилството врз жените и девојките. Претпоставете каде ова насилство најчесто се случува. Дали е во домто? Во интимните врски? На улиците? Што би направила Shero доколку е сведок на насилство? Или доколку самата го преживеала? Што е потребно да направи за да се справи со насилството? Споделете ја со нас вашата визија на инспиративна стрип-хероина, која ќе се соочи со предизвикот и ќе им биде поддршка на жените и девојките кои се соочуваат со насилство.

Повикот е отворен за сите уметници (на возраст 18+), од 17 Септември до 14 Октомври 2018. Стриповите, во електронска форма, треба да бидат испратени во Националната мрежа против насилство врз жените и семејно насилство, на меил coordinator@glasprotivnasilstvo.org.mk. Комисијата ќе селектира до три уметници во секоја од земјите која ја спроведуваат Step up! кампањата, чии дела ќе бидат објавени. Кандидатите треба да имаат државјанство или постојано место на живеење во една од земјите кои ја спроведуваат Step up! Кампањата.

WAVE ќе ги објави стриповите на победничките на нивниот мајчин јазик, заедно со објаснување и краток профил на уметникот на англиски јазик.

Вашата апликација треба да содржи:

-Една страна графички дизајн во форма на стрип, каде претставувате оргинален и инспиративен женски лик, Shero (можете да изберете и друго име), идол, карактер кој ќе создава позитивна промена во секојдневни животни ситуации. Темата на стрипот треба да биде поврзана со проблематиката на домашно- психолошко и/или сексуално насилство како што е дефинирано во Истанбулската конвенција. Пожелно е стрипот да биде на македонски јазик, но може да користите и англиски;

-Ваша кратка биографија; вклучувајќи датум на раѓање- полнолетството е предуслов за аплицирање, контакт меил и преферирано уметничко име или псевдоним, во случај да не сакате да го користите вашето вистинско име;

-Скенирана, кратка изјава со ваш потпис, која дозволува WAVE да го користи вашето уметничко дело за публикување и промоција на Step up! Кампањата во периодот 2018-2021. Вашите уметнички права ќе бидат потполно почитувани и вашата интелектуална сопственост потполно заштитена.

Што добиваат избраните авторки?

-Нивните дела ќе бидат објавени во уникатна Европска публикација која ќе биде дистрибуирана низ 46те земји членки на WAVE, како и објавена на интернет во ПДФ формат;

-Ќе добијат торбичка со промотивен материјал од Step up! кампањата, доставена на нивната адреса;

-Ќе добијат 3 копии од објавената публикација;

-Симболична парична награда.

Постои можност WAVE да покани една или повеќе уметници да соработуваат и понатака.

Националните победници ќе бидат објавени на 18 октомври 2018.

Step up! кампањата е проект на WAVE мрежата кој се спроведува низ Европа, со цел зголемување на напорите да се спречи насилството врз жените, да се подигне свеста за проблемот, како и да се заштитат жените и девојките кои преживеале насилство.

Share on facebook
Facebook
Share on twitter
Twitter
Share on linkedin
LinkedIn

Останати новости

Реакција: Платформата за родова еднаквост најостро го осудува говорот на омраза во предизборниот период

Пред почетокот на предизборната кампања за претстојните парламентарни и претседателски избори, Платформата за родова еднаквост ги повикува и партиите и нивните приврзаници да покажат демократски

Реакција: Личното и интимното е загрозено преку дигиталното родово-базираното насилство кое станува сè поопасно!

Злоупотребата и нарушувањето на личниот, интимен простор станува сè поизразено преку дигиталното родово-базирано насилство. Изразуваме особена загриженост и остро реагираме на последните родово-базирани напади во