18.07.2018: Работна средба за воспоставување на советувалишни центри во Скопје

На 18.07.2018, во работните простории на Јавна соба, се одржа работна средба со професионалците од областа на социјалната заштита, кои работат во општините на Скопскиот плански регион и тимот на Националната мрежа. Со оваа работна средба се продолжи процесот на соработка помеѓу Националната мрежа и локалната самоуправа за воспоставување на советувалишни центри за психо-социјална помош и поддршка за жени и деца жртви на семејно насилство во Скопје.

Градоначалниците во предизборниот период, со потпишување на Јавната заложба за унапредување на заштитата на жените и децата жртви на различни форми на насилство, вклучително и семејно насилство на локално ниво, се заложија да одвојат дел од локалните буџети за унапредување/воспоставување на сервиси за жртвите на насилство.

Покрај претставниците од кабинетот на градоначалникот на Град Скопје, учество земаа и професионалците од областа на социјалната заштита од следниве општини: Општина Аеродром, Општина Ѓорче Петров, Општина Карпош, Општина Центар, Општина Кисела Вода, Општина Бутел, Општина Гази Баба и Општина Чаир.

Сподели

Со поддршка од