Насоки на Платформата за јакнење на граѓанското општество за подобра поддршка на жени и девојчиња жртви на насилство за време на КОВИД-19

Започнувајќи од мај 2020, Платформата за зајакнување на граѓанското општество ја започна третата година од женската програма на ЕУ и ОН, „Имплементирање норми, променети умови“ (Implementing norms, changing mings). Оваа програма се залага против родово-базираната дискриминација и насилството врз жените во Западен Балкан и Турција, со значаен фокус врз маргинализираните групи на жени.

Оваа година проектот е фокусиран на еден специфичен предизвик, идентификуван од сите партнери на Платформата (CSSP)  во првата фаза од програмата: сериозните пропусти  во обезбедување на сервиси за жени жртви на сексуално насилство во регионот. Сите девет партнери во седум партнерски држави ќе се фокусираат на развој на упатства за подобро идентификување на потребите на жртвите од страна на давателите на услуги ангажирани во овие сервиси.  

Екот на КОВИД-19 пандемијата и мерките на националните влади во спречување на ширењето на корона вирусот имаа силно влијание врз здравјето на популацијата, економијата и јавните сервиси. Од март 2020, кога Светската здравствена организација прогласи состојба на пандемија, владите во Западен Балкан и Турција ги претставија мерките против ширење на заразата (затворање одредени бизниси и ограничување на движењето на луѓето), како одговор на кризата. Пандемијата и овие мерки само ги продлабочија веќе постоечките родови разлики вкоренети во патријахалните структури и култури, а товарот на оваа криза речиси и да падна врз грбот на жените.

Насилството врз жените се зголеми за време на вонредните мерки и карантинот, прогласени од владите во Западен Балкан и Турција, а нивниот пристап до сервисите за поддршка стана многу ограничен. Понатаму, како последица на пандемијата, многу од женски организации се соочија со губење на персонал, намалување на капацитетите и финансиските ресурси. Некои од сервисите беа привремено затворени, додека некои од организации продолжија да работат посветено на подобра поддршка со започнување на нови сервиси.

Од страна на овие мрежи за поддршка беа идентификувани следниве разлики: присилно затворање, намалена можност за движење и зголемена контрола од насилникот, а како последица на тоа и отежнат пристап до шелтерите и згрижувачките центри; некои линии за помош и пријавување на насилство работеа со ограничени ресурси; непостоење на протоколи за прием на жени жртви во згрижувачките центри, а при тоа почитување на здравствените мерки за заштита од пренесување на вирусот;  ограничени ресурси за оперативност на центрите за згрижување и недостаток на брза здравствена грижа за жртвите на насилство.

За подобар одговор на потребите на жените жртви на насилство и загарантирана соодветна поддршка, во контекст на стравот од нов бран на КОВИД-19, партнерите на Платформата, женски организации од Албанија, Босна и Херцеговина, Косово, Црна Гора, Северна Македонија, Србија и Турција, подготвија сет на насоки на сите јазици, за поддршка на националните влади и сервиси во време на криза.

Насоките се достапни на следниот линк.

Share on facebook
Facebook
Share on twitter
Twitter
Share on linkedin
LinkedIn

Останати новости