16.11.2013: Меѓународна конференција „Како женското движење влијае на државната политика“

Автономниот женски центар на 11 и 12 Ноември организираше меѓународна конференција на тема „Како женското движење влијае  на државната политика“. Конференцијата се одржа во главната сала на Стопанската комора во Белград, Србија. Поканети беа претставнички од 27 женски невладини организации од регионот (Македонија, Босна и Херцеговија, Хрватска, Словенија, Србија) и Австрија. Овие организации се партнери на заеднички проект поддржан од Европска Унија, а целта е промоција на придобивките од Истанбулската Конвенција. Националната мрежа како партнерска организација беше поканета и присутвуваше на конференцијата.

Покрај панел сесиите посветени на состојбата со женските невладините организации во регионот и можности за нивно подобрено функционирање, беа дискутирани прашања поврзани со насилството врз жените меѓу кои: „Воспоставување на одржливи сервиси раководени од женски организации – искуства на глобално ниво“, „Насилство врз жените и одговорот на државата“.

На конференцијата беше промовирана кампањата „ПОТПИШУВАМ“ која во следната година ќе биде спроведена во шестте држави – партнери во проектот. Официјална веб страна на кампањата е  http://potpisuvam.org/

Покрај оваа, на 10 Ноември во Собранието на Република Србија беше организирана еднодневна конференција посветена на Конвенцијата на Советот на Европа за спречување и борба против насилство врз жените и домашно насилство (Истанбулска конвенција).

Сподели

Со поддршка од