16.02.2016: Одржана работилница на тема: „Координиран придонес на женските Граѓанските Организации во подготовката на ЕУ извештајот за напредок на РM“

На 16-ти февруари 2016 година, вторник во ГЕМ Клуб, Скопје се одржа работилница на тема: „Координиран придонес на женските Граѓанските Организации во подготовката на ЕУ извештајот за напредок на Република Македонија”. На работилницата обраќање имаа: Ирена Иванова од Делегација на Европска Унија, Санела Шкријељ и Елена Димушевска од Националната мрежа против насилство врз жените и семејното насилство.

На работилницата присуствуваа 16 учесници/чки – членки на Националната мреа против насилство врз жени и семејно насилство и Платформата за родова еднаквост. Беа опфатени темите поврзани со релеватните ЕУ структури и процесот на лобирање и застапување во ЕУ, како и процесот на подготовка на ЕУ прогрес извештајот, која е временската рамка, активности и влезни точки за влијание, по што следуваше сесијата за подготовка на план за координација и обезбедување на информации за прогрес извештајот, кои се релевантни институции и лица за контакт.

Работилницата е дел од активностите во рамки на проектот „Спречување на насилството врз жените во согласност со ЕУ стандардите“ чија цел е воспоставување на ефективна законска рамка и систем за заштита и подршка на жените од сите форми на насилство во согласност со Конвенцијата на Советот на Европа за спречување и борба против насилството брз жените и домашното насилство (Истанбулска Конвенција). Проектот е финансиран од Квина тил Квина, а во имплементација на Националната мрежа против насилство врз жената и семејно насилство – Глас против насилство.

 

Сподели

Со поддршка од