16.01.2020: Конкурс за ангажирање на Координаторка за комуникации

Националната мрежа против насилство врз жени и семејно насилство, објавува Конкурс за ангажирање на Координаторка за комуникации:

1. Кандидатките треба да ги исполнуваат следните квалификации:

Завршено високо образование

Работно искуство во координирање на комуникациски активности и односи со јавноста (најмалку 3 години)

Напредни вештини за уредување, развој на содржини и комуникација со нови и традиционални медиуми

Изградени вештини за логистика и организација на настани

Одлични познавања на македонски и англиски јазик

Самоиницијативност

Насоченост кон навремено исполнување на зададените задачи

За предност ќе се смета:

  • Искуство во работа со граѓански организации и мрежи
  • Искуство со комуникација на теми поврзани со родово базирано насилство и семејно насилство, како и насилство врз деца.

2.Опис на ангажманот:Ангажираната кандидатка ќе биде задолжена за организирање на комуникациските активности на Националната мрежа против насилство врз жени и семејно насилство. Работните обврски ќе вклучуваат координирање на севкупната комуникација со јавноста и медиумите, осмислување на стратегии за комуникација, организирање на конференции за медиуми (прес настани), раководење со социјалните медиуми и веб страната на мрежата, подготовка на соопштенија за медиуми и следење на процеси за продукција на промотивни материјали.

3. Обем на ангажманот: Предвидено е избраната координаторка за комуникации да работи 25 часа неделно. Бројот на денови и распределбата на работни саати ќе биде дополнително договорена.

Предвиден надомест за ангажманот е во износ од 24.500 бруто.

Најдоцна до 31 јануари 2020 година (петок) заинтересираните кандидатки треба да достават: кратка биографија, нацрт соопштение за медиуми за случај на насилство врз жена и две препораки од предходни работни места. Како прилог пожелно е да биде доставен и список со линкови од објавени текстови.

Кандидатките кои нема да ги достават бараните документи нема да бидат разгледувани. Само кандидатки кои ќе влезат во потесниот избор ќе бидат повикани на разговор. Ве молиме наведете телефон за контакт и е-маил адреса.

Документите со назнака/предмет на пораката „Конкурс за координаторка за комуникации“ треба се испратат по електронски пат на следната е-маил адреса: coordinator@glasprotivnasilstvo.org.mk

Share on facebook
Facebook
Share on twitter
Twitter
Share on linkedin
LinkedIn

Останати новости

Реакција: Платформата за родова еднаквост најостро го осудува говорот на омраза во предизборниот период

Пред почетокот на предизборната кампања за претстојните парламентарни и претседателски избори, Платформата за родова еднаквост ги повикува и партиите и нивните приврзаници да покажат демократски

Реакција: Личното и интимното е загрозено преку дигиталното родово-базираното насилство кое станува сè поопасно!

Злоупотребата и нарушувањето на личниот, интимен простор станува сè поизразено преку дигиталното родово-базирано насилство. Изразуваме особена загриженост и остро реагираме на последните родово-базирани напади во