15.10.2018: Обука за значењето и примената на Истанбулска конвенција за Женските форуми на политичките партии

Овој викенд 13ти и 14ти октомври, во хотел Романтик, Велес, Националната мрежа против насилство врз жените и семејно насилство организираше обука за значењето и примената на Конвенцијата на Советот на Европа за спречување и борба против насилството врз жените и домашното насилство-Истанбулска конвенција.

Обуката беше наменета за Женските форуми на политичките партии и на истата присуствуваа шеснаесет политичарки од следниве политички партии: НСДП, ЛДП, ЛПМ, СДСМ, ВМРО-ДПМНЕ, Обединети за Македонија, ГРОМ, ПЕИ, ДУИ и ДПА.

На обуката беше презентирано значењето на Истанбулската конвенција за Република Македонија и беа изработени предлог активности кои Женските форуми во соработка со Националната мрежа ќе ги преземат за промовирање на Истанбулската конвенција пред членствата на политичките партии, како и активностите кои ќе ги имплементираат на локално ниво со Комисиите за еднакви можности.

Истанбулска конвенција, претставува најзначаен меѓународен документ за борбата со домашното насилство. Како меѓународен документ, Конвенцијата дава исклучителен и забележлив придонес на меѓународен план во борбата со насилството врз жените и домашното насилство. Р.Македонија ја ратификуваше оваа Конвенција 22.12.2017, а истата стапи на сила 01.07.2018 год.

Сподели

Со поддршка од