15.07.2016: Одржана тродневна работилница на тема: „Насилството врз жените – дел од агендата на политичките партии во Република Македонија“

Од 12 Јули до 14 Јули 2016 година, во Хотел Романтик, Дојран се одржа тродневна работилница на тема: „Насилството врз жените – дел од агендата на политичките партии во Република Македонија”. Работилницата ја фацилитираа Санела Шкријељ, Фросина Ивановска, Елена Димушевска и Зурија Саит. На тродневната работилница присуствуваа 25 учеснички претставнички од дванаесет (12) политички партии во Република Македонија. Беа опфатени темите: родово базирано насилство и домашно законодавство; меѓународни документи и позитивни практики; идентификување на клучни теми и прашања поврзани за проблемот на родово базирано насилство; анализа на постоечките програми за политичките партии; и вклучување на родово базирано насилство во програмите на политичките партии.

Работилницата е дел од активностите во рамки на проектот „Спречување на насилството врз жените во согласност со ЕУ стандардите“ чија цел е воспоставување на ефективна законска рамка и систем за заштита и подршка на жените од сите форми на насилство во согласност со Конвенцијата на Советот на Европа за спречување и борба против насилството брз жените и домашното насилство (Истанбулска Конвенција). Проектот е финансиран од Квина тил Квина, а во имплементација на Националната мрежа против насилство врз жената и семејно насилство – Глас против насилство.

 

Сподели

Со поддршка од