15.02.2018: Националната мрежа е дел од Платформата за зајакнување на граѓанските организации

Националната мрежа е дел од проектот на Европската мрежа на жени против насилство кој има за цел да го зајакне гласот на жените, вклучително и женските организации кои работат и претставуваат жени од обесправени маргинализирани групи, на регионално ниво: Поддршка за воспоставување и зајакнување на регионалните платформи на организациите на граѓанското општество (со посебен фокус на организациите кои ги претставуваат жените од малцинствата и обесправените групи) за да се залагаат за развој и имплементација на закони и политики во согласност со CEDAW и Истанбулската конвенција, во рамки на Програмата „Имплементирање на норми, промена на ставови“.

Очекуван резултат од проектот е зајакнување на капацитетите на платформите и мрежите на женските организации како начин за поддршка на женскиот граѓански ангажман во мониторинг и известување за Истанбулската конвенцијата и ЦЕДАВ.

На 15.02.2018 година беше официјално беше пуштена и онлајн платформата за зајакнување на граѓанските организации (CSSP) која ја води Европската мрежа на жени против насилство (WAVE). На платформата има посебен дел за Македонија каде ќе бидат споделувани информации од земјата на македонски и англиски јазик.

Партнерски организации во проектот се од Албанија, Босна и Херцеговина, Косово, Македонија, Црна Гора, Србија и Турција и ќе работат заедно со WAVE за зајакнување на мрежите на женските организации во овие земји, како и во целиот регион на Западен Балкан и Турција.

Сподели

Со поддршка од