13.06.2018: Оглас за финансиски асистент

Оглас за финански асистент

Националната мрежа против насилство врз жени и семејно насилство има потреба од вработување на финансиски менаџер во извршната канцеларија за период од 01.07 до 31.12.2018 година, со можност за продолжување и во 2019 година.

Главните обврски на финансискиот асистент се исполнување на тековните задачи во делот на финансиското и административното работење, како и логистичка и техничка поддршка на проектните активности.

Под раководство на извршната директорка, меѓу другото, клучните задачи вклучуваат:

·         Изготвување на финансиски буџети и извештаи (вклучително и кон донаторите);

·         Комуникација и координација со надворешното сметководство и подготовка на потребни документи и набавки;

·         Водење на процесот и процедурите за набавки на материјали и услуги;

·         Поддршка во организирање обуки, настани, конференции и слично;

·         Организирање на логистика за проектните активности;

·         Водење на деловодник и администрирање на документи;

Работата во Извршната канцеларија на Националната мрежа против насилство врз жени и семејно насилство е предизвик за оние кои сакаат професионално да се надградуваат во нови, иновативни области. Работното место нуди можности за стекнување на знаења и вештини, создавање на широка мрежа на контакти во различни сегменти од општеството и искористување на креативниот потенцијал во креирањето на програмите и работата на организацијата.

Потребни квалификации:

·         Диплома за завршено високо образование – завршен Економски факултет;

·         Најмалку 2 години работно искуство во областа на финансии и администрација;

·         Познавање на финансиски и административни процедури;

·         Одлична компјутерска писменост (задолжително познавање на Excel, Word и PowerPoint);

·         Одлично познавање на устен и пишан работен англиски јазик;

·         Поседување комуникациски вештини и вештини за тимско работење;

·         Флексибилност.

Како предност ќе се смета:

• Работно искуство во областа на спроведување на проекти во граѓански организации;

Рок и потребни документи за аплицирање:

Заинтересираните кандидати/ки за работната позиција потребно е да достават кратка биографија (CV) на македонски јазик. Апликациите се доставуваат на следната електронска адреса: coordinator@glasprotivnasilstvo.org.mk најдоцна до 22.06.2018 (петок).

Напомена: Само апликациите кои ќе влезат во потесен круг ќе бидат контактирани.

Share on facebook
Facebook
Share on twitter
Twitter
Share on linkedin
LinkedIn

Останати новости