Оглас за финански асистент
Националната мрежа против насилство врз жени и семејно насилство има потреба од вработување на финансиски менаџер во извршната канцеларија за период од 01.07 до 31.12.2018 година, со можност за продолжување и во 2019 година.
Главните обврски на финансискиот асистент се исполнување на тековните задачи во делот на финансиското и административното работење, како и логистичка и техничка поддршка на проектните активности.
Под раководство на извршната директорка, меѓу другото, клучните задачи вклучуваат:
· Изготвување на финансиски буџети и извештаи (вклучително и кон донаторите);
· Комуникација и координација со надворешното сметководство и подготовка на потребни документи и набавки;
· Водење на процесот и процедурите за набавки на материјали и услуги;
· Поддршка во организирање обуки, настани, конференции и слично;
· Организирање на логистика за проектните активности;
· Водење на деловодник и администрирање на документи;
Работата во Извршната канцеларија на Националната мрежа против насилство врз жени и семејно насилство е предизвик за оние кои сакаат професионално да се надградуваат во нови, иновативни области. Работното место нуди можности за стекнување на знаења и вештини, создавање на широка мрежа на контакти во различни сегменти од општеството и искористување на креативниот потенцијал во креирањето на програмите и работата на организацијата.
Потребни квалификации:
· Диплома за завршено високо образование – завршен Економски факултет;
· Најмалку 2 години работно искуство во областа на финансии и администрација;
· Познавање на финансиски и административни процедури;
· Одлична компјутерска писменост (задолжително познавање на Excel, Word и PowerPoint);
· Одлично познавање на устен и пишан работен англиски јазик;
· Поседување комуникациски вештини и вештини за тимско работење;
· Флексибилност.
Како предност ќе се смета:
• Работно искуство во областа на спроведување на проекти во граѓански организации;
Рок и потребни документи за аплицирање:
Заинтересираните кандидати/ки за работната позиција потребно е да достават кратка биографија (CV) на македонски јазик. Апликациите се доставуваат на следната електронска адреса: coordinator@glasprotivnasilstvo.org.mk најдоцна до 22.06.2018 (петок).
Напомена: Само апликациите кои ќе влезат во потесен круг ќе бидат контактирани.