13.06.2017: Оглас за вработување на двајца/две Асистенти/ки

Националната мрежа против насилство врз жени и семејно насилство има потреба од вработување на двајца/две Асистенти/ки во извршната канцеларија за период од 01.07.2017 до 31.12.2017 година со можност за продолжување и во 2018 година.

Асистентите/ките се одговорни за целокупното работење на извршната канцеларија, односно следење и директно вклучување во имплементацијата на проектните активности, како и промоција на мрежата пред пошироката јавност. Позициите предвидуваат ангаржман со полно работно време.

Главни задачи и одговорности

• Учество во подготовката на апликациии за предлог проекти;

• Учество во имплементација на проектни активности;

• Учество во изготвување на наративни извештаи до донаторите;

• Одржување комуникација со донаторите и информирање за тековната имплементација на проектните активности;

• Комуникација и координација со организациите членки на Мрежата;

• Логистичка поддршка на секојдневната работа во канцеларијата;

• Подготвување нацрт соопштенија за јавност;

• Одржување контакти со медиуми (и раководење со профилите на социјални медиуми) и видливост на активностите на мрежата;

• Подготвување на студии на случај;

• Учество во подготовка на протестни писма и реакции;

• Дополнување на нови содржини на веб страната и FB профилот на мрежата

• Тековни непредвидени обврски

Потребни квалификации

• Високо образование од областа на општествените науки;

• Најмалку пет години работно искуство во областа на женски права и родова рамноправост;

• Одлично познавање на устен и пишан работен англиски јазик;

• Компјутерски вештини;

• Напредни организациски и комуникциски вештини;

• Силно развиени вештини за лобирање и застапување.

Како предност ќе се смета:

• Искуство во областа на насилство врз жени и семејно насилство;

• Работно искуство во областа на спроведување на проекти во граѓански организации;

Рок и потребни документи за аплицирање:

Заинтересираните кандидати/ки за работната позиција потребно е да достават кратка биографија (CV) на македонски јазик и мотивационо писмо. Апликациите се доставуваат на следната електронска адреса: coordinator@glasprotivnasilstvo.org.mk најдоцна до 19-ти јуни 2017 (понеделник).

Напомена: Само апликациите кои ќе влезат во потесен круг ќе бидат контактирани.

Share on facebook
Facebook
Share on twitter
Twitter
Share on linkedin
LinkedIn

Останати новости