Барање за донесување на итни мерки за заштита на жени и деца жртви на семејно насилство додека трае вонредната состојба

Владата на Република Северна Македонија на 18 Март 2020г. прогласи вонредна состојба на територијата на државата поради состојбата со COVID-19 и спречување на ширење на коронавирусот. По прогласувањето на вонредната состојба, заклучно со 09 април 2020г. одржани се 15 седници на Владата, каде секојдневно се донесуваат нови одлуки и мерки за справување со пандемијата од COVID-19 во Р. Северна Македонија. Мерките се носат од повеќе аспекти, и имаат за цел да ја ублажат здравствената, социјалната и економската криза која е секојдневие за граѓаните на РСМ, како и намалување на последиците кои ќе се појават по завршување на кризата.

Донесени се повеќе здравствени мерки чија цел е спречување на ширењето на вирусот, и овие мерки вклучуваат ограничувања на движењето и групирањето на граѓаните генерални, но и по категории, исто така дадени се насоки за однесување со мерки за хигиена и дезинфекција, задолжителна  изолација и самоизолација, и  карантин за оние за кои е предвиден.  Донесени се повеќе мерки во 2 пакета од областа на економијата, кои помагаат на претпријатијата, работодавците и работниците да се справат со ризиците од губење на работните места, добивката и приходите, како и одржување на самите претпријатија до крајот на состојбата. Донесени се неколку мерки и препораки од областа на социјалната заштита кои најмногу се однесуваат на остварување на правата предвидена во Законот за социјална заштита, како и посебни препораки за посебни категории граѓани и олеснување на нивниот пристап до социјални права.

Министерството за труд и социјална политика упати соопштение до јавноста со кое се препорачува двајцата родители да се договорат за видувањето на детето/цата со родителот со кој не живеат, но без при тоа да утврдат на кој начин треба да постапат родителите кои не се можност да се договорат, што е особено важно за жртвите на семејно насилство.

Посебни категории граѓани кои се опфатени со мерките, или може да бидат исклучок од истите се лицата на 67 години, лицата под 18 години, лицата со попреченост, лицата кои се занимаваат со земјоделство, како и вработените во аптеки, ресторани и кафеани кои вршат достава на храна, и корисници на породилно отсуство. Овие групи граѓани се издвоени согласно одредени ризици кои ги прават поранливи на коронавирусот, но и други ризици особено социјални и економски ризици.

Меѓутоа, посебна ранлива категорија која е целосно изоставена од мерките и препораките, се жртвите на семејно насилство, односно жени и деца кои се под голем ризик на семејно насилство. Освен известувањето на Министерството за труд и социјална политиката упатено до жртвите на родово базирано насилство и семејно насилство, каде што се наведуваат броеви за пријавување насилство, ниту една итна мерка не е изречена ниту предложена за оваа посебно ранлива категорија граѓанки.

На ниво на целиот свет, алармот за зголемен ризик од семејно насилство е вклучен. Меѓународните организации како Организацијата на обединетите Нации и Советот на Европа упатуваат на зголемено внимание кон семејното насилство во услови на криза и итни мерки за справување со истото. Дел од државите донесоа и итни и специфични мерки[8], дизајнирани за спецификите на жени жртви на семејно насилство, како и деца жртви на насилство.

Овој документ предлага мерки чие итно донесување ќе овозможи заштита на жртвите на семејно насилство во услови на оваа криза, но и ќе го подготви системот на заштита за постапување при случаи на семејно насилство по завршување на кризата. Документот ги посочува ризиците кои се специфични за семејното насилство и дава предлог итни мерки за справување со истото.

Целото барање може да го прочитате тука.

Share on facebook
Facebook
Share on twitter
Twitter
Share on linkedin
LinkedIn

Останати новости

Реакција: Платформата за родова еднаквост најостро го осудува говорот на омраза во предизборниот период

Пред почетокот на предизборната кампања за претстојните парламентарни и претседателски избори, Платформата за родова еднаквост ги повикува и партиите и нивните приврзаници да покажат демократски

Реакција: Личното и интимното е загрозено преку дигиталното родово-базираното насилство кое станува сè поопасно!

Злоупотребата и нарушувањето на личниот, интимен простор станува сè поизразено преку дигиталното родово-базирано насилство. Изразуваме особена загриженост и остро реагираме на последните родово-базирани напади во