13.02.2016: Tрoдневна работилница „Изработка на програма за спречување и заштита од семејно насилство“ – Вардарски плански регион

Во февруари 2016, од 10ти до 12ти, беше одржана втората тродневна работилница „Изработка на програма за спречување и заштита од семејно насилство“ во хотел “Романтик”, во Велес. На оваа работилница,  присутните претставници од општините во Вардарски регион, како и претставници од меѓуопштинските центри за социјална работа од Кавадарци и Велес, придонесоа со своето активно учество за изработката на крајниот производ – регионална програма за спречување и заштита од семејно насилство. Програмата е изработена за целите на овој проект од страна на присутните учесници, како и фасцилитаторот, која ја водеше оваа работилница. Истата ќе биде употребувана при финализирање на конечните програми за секоја општина посебно. Како и на предходната, и на оваа обука свој придонес дадоа партнерските организации на проектот на Националната мрежа кои раководат со специјализирани сервиси за жени жртви на семејно насилство (советувалишен центар, СОС линија, кризен центар, шелтер центар и бесплатна правна помош).

Работилниците се дел од активностите на проектот на Националната мрежа „Застапување за обезбедување на одржливост на специјализираните сервиси за жртви на семејно насилство на територијата на Република Македонија“ поддржан од Проектот на УСАИД за граѓанско општество.

Сподели

Со поддршка од