12.12.2018: „Важноста на женското здружување во борбата против родово базираното насилството“

Во рамките на кампањата 16 дена активизам против насилство врз жените во текот на ноември-декември 2018 година, Националната мрежа против насилство врз жените и семејното насилство организираше јавни дебати во партнерство со Форумите/Униите на жени на политичките партии во Македонија на тема „Важноста на женското здружување и обединување во борбата против родово засновано насилство“.  Јавните дебати беа организирани во Битола (30 ноември), Свети Николе (3 декември), Струмица (4 декември), Штип (5 декември) и Куманово (6 декември).

Целта на трибините е да се претстави досегашната соработка и постигнатите успеси, како и да се разговара за идните чекори. На трибините беа презентирани и основните концепти на Истанбулската Конвенција, како и обврските на локалната самоуправа во однос на превенција од насилство и обезбедување на заштита за жените жртви.

Покрај претставничката на Националната мрежа против насилство врз жените и семејното насилство, на трибините свое обраќање имаа и претставнички на Униите и Форумите на политичките партии во градовите.  

Share on facebook
Facebook
Share on twitter
Twitter
Share on linkedin
LinkedIn

Останати новости

Реакција: Платформата за родова еднаквост најостро го осудува говорот на омраза во предизборниот период

Пред почетокот на предизборната кампања за претстојните парламентарни и претседателски избори, Платформата за родова еднаквост ги повикува и партиите и нивните приврзаници да покажат демократски

Реакција: Личното и интимното е загрозено преку дигиталното родово-базираното насилство кое станува сè поопасно!

Злоупотребата и нарушувањето на личниот, интимен простор станува сè поизразено преку дигиталното родово-базирано насилство. Изразуваме особена загриженост и остро реагираме на последните родово-базирани напади во