12.12.2014 Повик за учество на тренинг за врснички едукатори

Националната мрежа против насилство врз жените и семејно насилство ги повикува сите студенти на општествени науки и средношколци  да се пријават за учество на тродневен тренинг за врснички едукатори на тема„ Родова Демократија“.

Ги охрабруваме сите заинтересирани кои сакаат да го унапредат своето знаење за оваа проблематика  да го пополнат образецот за пријавување  и да се пријават на следната е-маил адреса mila.radonjic@glasprotivnasilstvo.org.mk . Краен рок за пријавување е 04.01.2015 (недела).

Доколку се појави проблем со превземање на апликационата форма , ве молам  истата да ја побарате на горенаведената е-маил адреса.

Селектираните учесници по завршувањето ќе добијат и сертфикат за учество на тренинг за врснички едукатори на тема „Родова Демократија“.

Тренинзите се дел од активностите на проектот „Од Родова Нееднаквост до Родова Демократија“ поддржан од германската фондација „Schuler, Helfen, Leben “, и ќе се одржат во текот на месец Јануари/Февруари, 2015.

За повеќе информации можете да се обратите на горенаведената е-маил адреса.

 Образец за пријавување за студенти

Образец за пријавување за средношколци

Сподели

Со поддршка од