12.12.2014 : Одржани седум дебати со средношколци во склоп на кампањата „16 дена активизам против насилство врз жените“

Како дел од  активностите на  Националната мрежа против насилство врз жените и семејно насилство, а со поддршка на Амбасадата на САД во Македонија, а во рамки на глобалната кампања“16 дена активизам против насилство врз жените“ беа одржани 7 дебати со средношколци низ повеќе градови во Македонија и тоа: Тетово, Штип, Св. Николе, Радовиш, Битола, Куманово и Струмица. Целта на дебатите беше отварање на прашањето за родово базирано насилство меѓу младата популација, а во насока на поттикнување и мотивирање за нивно поактивно учество во активности за спречување на овој негативен феномен. Посебен акцент беше ставен на насилството во тинејџерските врски, како форма со која најчесто се сретнуваат. Дебатите беа организирани во соработка со организациите членки на мрежата кои делуваат во овие градови. Со активноста беа опфатени околу 170 средношколци низ Македонија.

Сподели

Со поддршка од