12.11.2018: Повик за ангажирање: Оператор(к)и како даватели на услуги на Национална линија за советување за позитивно родителство

Повик за ангажирање: Оператор(к)и како даватели на услуги на Национална линија за советување за позитивно родителство

Општи информации
Националната мрежа против насилство врз жените и семејно насилство, како партнер на Канцеларијата на УНИЦЕФ во РМ во имплементација на проектот „Воспоставување на Национална линија за советување за позитивно родителство“ објавува повик за ангажирање на лица – оператори на телефонски линии за советување за позитивно родителство.

Очекувано времетраење на ангажманот за секој оператор(ка): 6 месеци со можност за продолжување на договорот. Работниот ангажман на операторите/ките е во попладневните часови, не повеќе од две смени во текот на работната недела.

Лицата кои ќе аплицираат на овој повик треба да ги исполнуваат следните критериуми:
1. Дипломиран психолог, педагог или социјален работник
2. Поминати најмалку 300 часа едукација по психолошко советување и психотерапија
3. Претходно искуство во работа со деца и родители
4. Државјанин/ка на Република Македонија

Сите заинтересирани потребно е да испратат електронска (скенирана) копија од диплома за завршено образование, сертификат за терапевт или сертификат/потврда за поминати најмалку 300 часа едукација по психолошко советување и психотерапија и кратка биографија најдоцна до 20.11.2018 година (недела) на електронската адреса: konkurs.sovetuvaliste@gmail.com

Сите кандидати кои ќе ги достават бараните документи и кои ќе влезат во потесниот избор, ќе поминат обука по што ќе биде направен конечниот избор за ова работнa позиција. Обуката за селекција на кандидати ќе се одржи од 23 до 25 ноември во хотел Порта. Ве молиме да наведете телефон и е-пошта за контакт. Кандидат(к)ите ќе бидат известени за резултатите по електронски пат 4 дена по затворање на конкурсот.

За сите дополнителни прашања контактирајте ја Ана Пејовска на 078 327 191 или на coordinator@glasprotivnasilstvo.org.mk

Share on facebook
Facebook
Share on twitter
Twitter
Share on linkedin
LinkedIn

Останати новости

Реакција: Платформата за родова еднаквост најостро го осудува говорот на омраза во предизборниот период

Пред почетокот на предизборната кампања за претстојните парламентарни и претседателски избори, Платформата за родова еднаквост ги повикува и партиите и нивните приврзаници да покажат демократски

Реакција: Личното и интимното е загрозено преку дигиталното родово-базираното насилство кое станува сè поопасно!

Злоупотребата и нарушувањето на личниот, интимен простор станува сè поизразено преку дигиталното родово-базирано насилство. Изразуваме особена загриженост и остро реагираме на последните родово-базирани напади во