Работна средба со Претседателки на женски форуми на политички партии

На 12.09.2017 г., во Јавна соба – Скопје, Националната мрежа против насилство врз жени и семејно насилство одржа работна средба со Претседателките на женските форуми на политичките партии во Р. Македонија.

Целта на средбата беше дискусија околу Предлог политиката која Националната мрежа против насилство врз жени и семејно насилство ја изработи за воспоставување и овозможување одржливост на регионален пакет на сервиси за жени жртви на различни форми на насилство и семејно насилство, на локално ниво во Р. Македонија. Оваа Предлог политика им беше испратена на кандидат(к)ите за градоначалници за нејзино вклучување во програмите и плановите на претстојните Локални избори.

Во таа насока беше и дискусијата на работната средба. Присутните претставнички даваа свои предлози и насоки за подобро делување и поголем успех на иницијативата и ветија лична заложба за нејзина имплементација во претстојниот период. Исто така, беше воспоставена и рамка за понатамошни активности.

Share on facebook
Facebook
Share on twitter
Twitter
Share on linkedin
LinkedIn

Останати новости